Министерот за здравство, Венко Филипче, во пост на Фејсбук ги презентираше сите досегашни инвестиции во здравствените установи со цел подобрување на условите во здравството. Тој напиша дека и понатаму ќе продолжи зајакнувањето на јавното здравство, со нова медицинска опрема, доопремување и осовременување на здравствени установи, како и вложување во човечкиот капитал.
Ги подобривме условите во 28 јавно-здравствени установи. Здравствената заштита ја подигнавме на повисоко ниво, а здравствените работници и соработници имаат значително подобрени услови за работа. Во наредниот период продолжуваме да го зајакнуваме јавното здравство.
Продолжуваме со инвестирање во здравствените установи, вложување во нова медицинска опрема и вложување во човечкиот капитал, напиша министерот Филипче на Фејсбук.
А. Н. С.