ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Каков ментор, таков ученик

Најновиот скандал со Мицкоски (извичникот и „боемот“) зборува за нешто што е, благо речено, спротивно на пристојноста, достоинството и разумноста... Некој што држи до себе, ќе останеше на местото каде што го направил прекршокот, а не неговите тепачи да туркаат инспектори и да му овозможуваат бегство. Некој што е достоинствен, ќе се извинеше пред јавноста. Немаше хистерично и пропагаторски да плука по законите и мерките за заштита на сите луѓе, за да ја избегне одговорноста, правна и морална.

June 4, 2020 11:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Колку министерства за внатрешни работи има во нашата земја? Тоа прашање го поставив пред повеќе од еден месец (баш на 1 Мај), по сето скандалозно реинсталирање на МВРО од првиот ден на техничката влада и сите останати скандали што се редеа од ден на ден. По „херојското“ бегство на Мицкоски од кафеаната во Боемска улица каде што, заедно со својот телохранителски ентураж, прекрши членови и од Кривичниот законик, ова прашање излегува на површината во сиот свој „отсјај“.

„Фејсбук признанието“ на Мицкоски дека бил во кафеаната и дека не бил запознаен со протоколите, може да изгледа смешно само на прв поглед. Но, ваквата „одбрана“ е навредлива за секој нормален човек. Треба ли да го жалиме што прв пат по симнување на забраната отишол во кафеана, па не знаел како треба да се однесува? Не знаеше ли ни за протоколите ни кога редовно ја посетуваше својата омилена теретана под отсјајот на заштитата на неговиот министер Наќе? Сега сомнежот дека се журкал заедно со својата братија и разни старлети на други места, изгледа сосема оправдан, иако тој и неговите „курири“ тврдеа дека се работи за стари снимки. За колку други ситуации не знаеме и колку новозаразени има поради ваквото однесување кон мерките за заштита?

Од својот „минат труд“ знам (премногу) добро што е боемштина. Тоа што го видовме толку пати во изминативе месеци, не е боемштина…

Најновиот скандал со Мицкоски (извичникот и „боемот“) зборува за нешто што е, благо речено, спротивно на пристојноста, достоинството и разумноста… Некој што држи до себе, ќе останеше на местото каде што го направил прекршокот, а не неговите тепачи да туркаат инспектори и да му овозможуваат бегство. Некој што е достоинствен, ќе се извинеше пред јавноста. Немаше хистерично и пропагаторски да плука по законите и мерките за заштита на сите луѓе, за да ја избегне одговорноста, правна и морална. Но… Каков ментор, таков ученик…

И не се работи за „ситничарење“ на јавноста, ако инцидентите како „Теретана“ и „Боем“ воопшто може да се наречат ситници. Ова однесување е јасна илустрација за неодговорното и арогантното однесување на човек недораснат на својата функција и општествена позиција. На крајот на краиштата, не се ситници и поради тоа што некој „обичен смртник“ дебело би кркал за вакви престапи. Па зошто да не важи законот и за „од Груевски избраниот“?

МВРО го крие својот шеф, а малтретира наоколу. Доволно е да се сетиме само на најсвежиот скандалозен инцидент во кратовско, кога оние што треба да спроведуваат ред и мир, за малку се степале со свои колеги што интервенирале според законот и им ја „расипаа“ пијанката… И за снимањето спотови… И за непостапувањето кога се групираа разни верски и лумпен политички (рамноземски) групи… А од друга страна, МВРО апсеше волонтери што пакуваа хуманитарна помош во Струмица.

Не, не е во ред. Навистина! И нека ова кратко четиво остане забележано, во име на активизмот за човекови права, во име на граѓанската солидарност, дека ваквото однесување може да нѐ чини здравје и човечки животи сите нас. Немам намера да се правам „велики аутор“ и да изведувам стилски „пируети“ денеска. Како и никогаш порано, ни денеска нема да опцујам, ниту овде, ниту на глас, во моето опкружување, но до пцуење дојде работава.

Вирусот, тој невидлив непријател, стана одличен сојузник со сите себични и деструктивни ликови на македонската јавна и политичка (и верска) сцена. Во средиштето на оваа беспоштедна политичка арена се оние што се борат против вирусот, за да ни ја обезбедат новата нормалност наспроти оние што плукаат и минираат, само за да се доберат до власт, но и за да ги прикријат своите тешки девијации и неукост.

Не е нормално тоа што се случува со институцијата која е столб на безбедноста на граѓанките и граѓаните, на државата. Неприфатлива е оваа ситуација во која еден дел од полицијата функционира како партиска војска. Мораме ли да ја трпиме оваа состојба на целата мака со коронавирусот и секој ден да констатираме дека сме под закана од МВРО?

Од друга страна, кога човек ќе размисли, донекаде е и утешно што имаме две министерства – едното е МВР, а другото е МВРО. Утешно, затоа што во времето на режимот на Груевски и Фамилијата имавме само едно – МВРО – столб на режимот што тепаше, се закануваше, заплашуваше, уценуваше, апсеше и убиваше.


Сите права се задржани. 

Next Post

МИА (неофицијално): Повеќе од 110 нови случаи со коронавирус, најголем број се од Скопје

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

Фото: илустрација Фронтлајн

Трамп во посета на Кина: Пет клучни прашања на маса со Си Џинпинг

May 14, 2026
Анаис. Мотив, Битола Широк сокак

Дневен хороскоп со Анаис за 14 мај 2026: Фаза на материјализација и стабилност

May 13, 2026

„Авалон продукција“ објави детали за влезниците за „David Guetta“ за 8. Септември

May 13, 2026

Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата „8-ми Септември”

May 13, 2026

СДСМ бара итна оставка од јавниот обвинител Савески: Мицкоски му диктира задачи и врши притисок

May 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk