МИНИСТЕРСТВОТО за информатичко општество информира дека претходно издадените дозволи за движење кои се назначени како трајни, продолжуваат да важат и за време на викендот, односно од 5-ти заклучно до 7-ми јуни. За останатите, продолжуваат да важат истите процедури за добивање на дозвола.
АГЕНЦИЈАТА за финансиска поддршка во земјодделството и руралниот развој ги повикува сите земјоделци кои минатогодишните картички за „зелена нафта“, ги оштетиле или загубиле, најдоцна до 12 јуни да се пријават во подрачните единици на МЗШВ.
ОТВОРЕНО писмо од Игор Иванов – Изи, режисер и претседател на Друштвото на филмските работници, со поддршка за Горјан Тозија.
Д-р БЕЌАРОВСКИ: Треба прес-конференција во Инфективна клиника за народот да сфати дека сме во војна со страшен непријател.
КЛАУС: Изборите во Северна Македонија ќе имаат влијание врз некои земји членки на ЕУ.
ФРОНТ: ВИКЕНД на мртовци, а не е комедија – пишува Сашо Орданоски.
ФРОНТ: Каков ментор, таков ученик – пишува Џабир Дерала.
АХА: Предизборно ребрендирање, ВМРО-ДПМНЕ кафанска.
МИА (неофицијално): Повеќе од 110 нови случаи со коронавирус, најголем број се од Скопје.
НА територијата на државата, во текот на изминатото деноноќие на 435 лице им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација. По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 641 прекршоци.
И.Е.