МЕРКАТА 14.500 денари финансиска поддршка по вработен продолжува и за јунската плата. Вчера Владата донесе измена на уредбата со која мерката наместо два – ќе трае три месеци.
КОМИСИЈАТА за заразни болести денеска се очекува да предложи нови протоколи за работата на хотелиерите и угостителите.
ВО април издадени 173 одобренија за градење, ќе се градат нови 835 станови.
ПРЕМИЕРОТ Оливер Спасовски соопшти дека ќе се финансира изградба на ИКТ центар за чување и заштита на податоци и за опоравување од катастрофи во Прилеп.
СОЈУЗОТ на синдикати на Македонија бара мерката за финансиска поддршка за исплата на плати да важи и за јунската плата, но овие пари да се исплаќаат директно на сметките на работниците.
ФРОНТ: Албански премиер во договор со ВМРО? – пишува Сашо Орданоски.
ДРЖАВАТА стопроцентно ќе ги покрива придонесите на плата на новинарите и медиумските работници.
ПРОДАЖНИТЕ цени на производителите на индустриски производи, во април годинава се пониски за 0,1 отсто на месечно, а 0,3 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
ДОМАШНАТА платежна картичка „Купувам домашно“ ќе ја добијат 324.479 граѓани, 28 милиони евра пари за граѓаните, наменети за купување домашни производи и услуги за рестартирање на македонската економија.
ДРЖАВНАТА изборна комисија (ДИК) ја очекува официјално Уредбата со законска сила донесена синоќа од техничката Влада, со која се продолжуваат изборните дејствија за предвремените парламентарни избори.
ИЗДАДЕНИ 125 решенија за изолација, едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.
ВО рамки на меѓународната музичка програма „Cross Štream“ на Младинскиот културен центар (МКЦ) во соработка со Kino Šiška, Љубљана во време на коронавирус, вечер ќе се одржат два онлајн концерти.
НЕЗАВИСНИОТ „Wonderland Theatre“ вечер во 20 часот ќе ја има својата прва онлајн изведба на претставата „Илузии“.
ФУДБАЛЕРОТ од средниот ред на Баерн, Филипе Кутињо, кој е во сопственост на Барселона, очекува да се врати во Премиер лигата, каде претходно играше за Ливерпул.