Мицкоски не спомнал ни З од здравство и здравствена криза на лидерската. Главна цел му била да предизвика што поголема збрка со правни прашања за кои законите и процедурите се јасни, брифираат извори од СДСМ за Фронтлајн.
Најпрово го отворил прашањето дали мисијата на ОБСЕ/ОДИХР може да дојде од утре, што е нелогично, мисијата треба да добие точен датум, да се организира и да пристигне. Мисијата веќе најави дека ќе прати набљудувачи.
Мискоски спорел дека Државната изборна комисија (ДИК) нема доволно време иако Законот и Уставот се јасни дека 22 дена по завршуваење на вонредната продилжува процесот. ДИК е извршно тело.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ барал процесот со избирачкиот список да се врати на почеток, со увид, иако увидот е одамна завршен.