Во ПОСЛЕДНИТЕ 24 часа се направени 1.213 тестирања, а регистрирани се 196 нови случаи на ковид-19.
На ГАК 16 медицински сестри се во изолација, но не од овој случај. Од нив поголем дел поминуваат 14 денови и ќе се вратат на работа. Клиниката функционира добро и работата не е компромитирана, рече министерот за здравство, Венко Филипче.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Владата, Спасовски и министерот за Филипче, денеска при посетата на болницата во Струмица, извршија увид и обиколка на новото крило со вкупна површина од 6.000 м2, каде се сместени повеќе специјалистички амбуланти.
АНГЕЛОВСКА: Веќе од денеска 117.000 граѓани добиваат ваучери за туризам, кои ќе можат да ги искористат заклучно 15 декември годинава.
НЕМА ниту еден граѓанин или студент или средношколец или кој било доколку е во листата да остане без средства, без финансиска поддршка и без платежна картичка, нагласи министерката Ангеловска.
БЕКТЕШИ: На страната domasiedoma.gov.mk и pushimenevend.gov.mk едноставно може да се провери дали и кому му следува ваучер за домашен туризам.
На СОЦИЈАЛНАТА мрежа Твитер, откако беше промовирана интернет страницата „Купувам Домашно“, веднаш осамнаа и обиди за дискредитација на мерката, преку пласирање лажни вести.
ЗАЕВ: Јас нема да робувам на 5 јули и како датум да се држам фиксно до него. Имајќи предвид дека и господинот Мицкоски и јас повеќе пати спомнувавме дека поприфатливо е изборите да се одржат во среда како неработен ден, еве отстапувам од 5 јули и согласен сум изборите да бидат на 8 јули.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на СДСМ, Зоран Заев во објава на социјалната мрежа Твитер, по вчерашниот неуспешен трет обид да најдат заедничко решение со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја нагласи итната потреба и неопходноста од избори во најбрз можен рок.
МИНИСТЕРСТВОТО за здравство информира дека Армијата на Република Северна Македонија со поддршка се вклучи во тестирањето на граѓаните од коронавирусот.
А. Н. С.