ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Филипче: Клиниките оптоварени, персоналот исцрпен, очекуваме повеќе примени од испишани пациенти

Од денеска работи и монтажната болница до Инфективната клиника како помошно одделение. Во Градската болница има 250 слободни кревети а на Инфективните одделенија во Нитола, тетово и Кавадарци има доволно кадар и простор за нови пациенти.

June 17, 2020 20:19
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Клиниките се отповарени, персоналот е преморен и под притисок, медицински тимови се носат од внатрешноста за да има ротација а во наредните седум дена бројот на хоспитализирани ќе биде поголем од бројот на оние кои ќе бидат пуштени дома, изјави министерот Венко Филипче на денешната прес конференција.

„Инфективните одделенија и клиниките се оптоварени, дел од здравствените работници навистина изморени, состојбата на сите одделенија бара постојан надзор и реорганизација на работата. Во оваа фаза од епидемијата мора да се организираме и да се подготвиме за целосно амортизирање на напливот на пациенти преку мобилизација и организација на сите расположливи ресурси во нашата земја. Мораме и можеме да го заштитиме здравствениот систем, да го намалиме колку што може повеќе притисокот врз здравствените работници и да обезбедиме прием и добро лекување на сите пациенти кои имаат потреба од тоа“, рече министерот Филипче.

Токму затоа двата Ковид центри во Скопје- Инфективната клиника и во Градската болница „8 Септември“ од вчера се засилени со 54 доктори и медицински сестри од Клиниките во друготе градови од државата со што ќе може да се обезбеди простор за роптација и одмор на персоналот. Помош понудија и приватните здравсени установи чиј персонал ќе се повика доколку има дополнителна потреба.

Според Филипче хоспитализирани се 330 пацинети, но капацитетите на ковид центрите и инфективните оддленија не се исполанети. Од денеска работи и монтажната болница до Инфективната клиника како помошно одделение. Во Градската болница има 250 слободни кревети а на Инфективните одделенија во Нитола, тетово и Кавадарци има доволно кадар и простор за нови пациенти. Како можност се смета и на трите приватни болници во Скопје кои имаат одделенија за изолација и би биле активирани доколку ситуацијата драматично се влоши.

„Во моментот капацитетите на клиниките и одделенијата се различно пополнети, во зависност од капацитетите, пополнетоста е далеку од максимумот, повеќето клиники и инфективни одделенија и покрај тоа имаат потреба од поддршка, од дополнителен број доктори и сестри и токму тоа се спроведе во изминатите денови“, рече Филипче.

И капацитетите во охридската болница за прием на заболени од Ковид 19 се речиси исполнети, нема да се примаат повеќе пациентите од струшкиот регион. На Инфективното одделение се хоспитализирани 15 пациенти позитивни, а уште 9 високо сомнителни случаи има во дополнително отворените оддели во геријатрија и хируршкото одделение. Докторите , медицинскиот персонал, како и целокупните болнички капацитети се значително оптоварени.

Во интерното одделение пак во Струга моментално има 9 сомнителни пациенти на коронавирусот а дополнителен проблем е што нема епидемиолози и специјалисти по инфектологија тие бараат насоки и упатства од министерството за здравство.

Next Post

Заев: Наша света должност е да го зачуваме нашиот идентитет. Не само што го зачувавме, туку го потврдивме и зајакнавме

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk