Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во видео обраќање ги подвлече разликите меѓу неговата партија и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која, како што вели Заев прави сѐ за да го врати режимот.
Понудите се јасни како никогаш порано. Од една страна е Коалицијата Можеме, предводена од СДСМ, која го исполнува генерацискиот сон за полноправно членство во НАТО и носи почеток на преговори со ЕУ. Коалиција за повисоки плати и пензии, економски раст, за рекордно ниска невработеност, јасна и проверена опција за слобода и демократија.
Од друга страна се ВМРО-ДПМНЕ, со централата во Будимпешта и бел дворец во Скопје, кои се закануваат со поништување на „Преспанската спогодба“, правејќи сѐ за да се врати режимот.
На 15 јули пред секој од нас е едноставен и слободен избор. Да ја потврдиме сигурната иднината или да ризикуваме враќање во минатото. На 15 јули секој од нас ќе придонесе во изборот на одговорна власт, наместо опасна власт, вели Заев во пост на Фејсбук.
А. Н. С.