ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Борбата против организираниот криминал бара нови форми на соработка и дејствување на меѓународно ниво

Во земјава, додаде Спасовски, постојат цврста политичка волја и јавна свест за интензивна и континуирана борба против транснационалниот организиран криминал и, во овој контекст, од страна на државата се прават напори, со поддршка и соработка од меѓународните институции, за развој на ефикасна правна рамка и воспоставување на специјализирани институции за сузбивање на овој вид на криминал, како и за побрза и поефикасна размена на информации на билатерална и мултилатерална основа, што е од особено значење.

October 28, 2019 11:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со оглед на тоа што борбата против организираниот криминал е предизвик на 21. век, а неговото влијание се наметнува во сите сфери на општеството, успешното справување со овој феномен е неопходно и бара сериозен пристап од страна на сите институции надлежни за спроведување на законот. Безбедносните закани со кои се соочува Република Северна Македонија се слични не само со заканите во земјите од Балканскиот регион, туку и со земјите од ЕУ и САД, што наложува и нови форми на соработка и дејствување на меѓународно ниво, пренесе МИА.

Ова меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето на отварањето на семинарот „Меѓуресорска соработка во справување со насилен ектремизам и борба против тероризам“ во организација на Канцеларијата за соработка со одбраната при Амбасадата на САД и Националниот комитет за борба против тероризам и насилен екстремизам.

Во земјава, додаде Спасовски, постојат цврста политичка волја и јавна свест за интензивна и континуирана борба против транснационалниот организиран криминал и, во овој контекст, од страна на државата се прават напори, со поддршка и соработка од меѓународните институции, за развој на ефикасна правна рамка и воспоставување на специјализирани институции за сузбивање на овој вид на криминал, како и за побрза и поефикасна размена на информации на билатерална и мултилатерална основа, што е од особено значење.

Како што соопштуваат од МВР, во оваа институција во тек се интензивни процеси за зајакнување на институционалните капацитети на специјализираните единици, со развој и имплементација на методологија на работа, стандарди и континуирани обуки. Министерството ја препозна потребата од изнаоѓање на квалитетен механизам за борба против најголемата закана на 21. век – тероризмот, поради што во Бирото за јавна безбедност, во рамки на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал функционира специјализирана Единица за сериозен криминал и тероризам.

-Предизвиците со кои се соочуваме во насока на сузбивање на транснационалниот организиран криминал, од година во година стануваат сè покомплексни и наложуваат продлабочување на меѓународната соработка помеѓу земјите од регионот, но и пошироко, особено во делот на меѓународната правна помош. За поефикасна борба со овој феномен во 2017 година беше воспоставен Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, како надлежно тело за градење на стратегии, координација на активностите помеѓу значајните субјекти во делот на рана идентификација, спречување, па сè до гонење и санкционирање на сторителите. Во таа насока, во месец април 2018 година усвоени се и двете национални стратегии со акциски планови за реализација на стратешките цели, и тоа за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот, рече Спасовски.

Според министерот, двата стратешки документа се развиени на заеднички водечки принципи и стратешки цели, кои се во функција на безбедноста и сигурноста на граѓаните, владеење на правото и демократските вредности и градење на инклузивни институции.

На полето на борбата против тероризмот, додаде министерот Спасовски, Република Северна Македонија има силна соработка со земјите од регионот и меѓународната заедница, како и стратешките партнери – ЕУ, Советот на Европа, САД, НАТО, ИОМ, ОБСЕ и други меѓународни организации.

Next Post

„Фајненшл Тајмс“: Ветото на Макрон е поврзано со фундаменталниот проблем на ЕУ

НАЈНОВО

Нова цена на ЕУРОДИЗЕЛ од полноќ

October 29, 2025
Фотомонтажа

Стинг ќе биде хедлајнер на Супербоул викенд концертот, a Бед Бани на „halftime“ шоуто

October 29, 2025
ВИ

Uber и Nvidia ќе распоредат 100.000 самоуправувачки возила до 2027 година

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk