АЕРОДРОМИТЕ ќе бидат отворени на 1 јули, од петок се отвораат сите граници, угостителските објекти ќе работат и внатре, одлучи денеска Владата по препорака од Комисијата за заразни болести.
ХОТЕЛИЕРИТЕ очeкуваат успешна сезона преку искористеност на ваучерите за домашен туризам.
АМБАСАДОРОТ Тимоние со поддршка на активностите за управување со крајбрежјето на Охридското Езеро.
ФРОНТ: Изборни петарди – пишува Сашо Орданоски.
КОНТРАСПИН: Мицкоски дава изјави како во „најдобрите“ денови од комунизмот.
ШЕКЕРИНСКА: Тоа што беше невозможно за ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години ние го направивме за само три
ИСЛАМСКАТА верска заедница годинава нема да организира заминување на аџилак по најавите дека Саудиска Арабија ќе прими ограничен број верници.
МИНИСТЕРОТ Филипче со последните промени со состојбата на новозаболени, оздравени и починати од коронавирус кај нас. Денеска има 118 нови позитивни, 74 оздравени и четири починати лица.
МЕЃУ општините на Град Скопје и тие што гравитираат кон главниот град, најголем број активни случаи со вирусот Ковид-19 има во Чаир – 402, следат Гази Баба со 150 случаи, Бутел со 138 случаи, Сарај со 137 случаи, Аеродром со 136 случаи, Центар со 131 случај и Карпош со 116 случаи.
ЗНМ објави Прирачник за етичко известување од избори.
ШЕКЕРИНСКА: Енергетиката е столбот на развојот на економијата.
ЦАРОВСКА и Шкријељ во Охрид: Пензиите се сигурни, исплатите се редовни.
ГРУПА инвестициски компании бараат состанок со бразилски дипломати поради уништувањето на шумите во Амазон.
СПАСОВСКИ – Koja: Создаваме услови за спроведување безбеден изборен процес, во кој граѓаните ќе го остварат своето право на глас и на избор.
Ј. Ѓ.