ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Димитров: Нè обвинуваат тие кои нè изедначуваа со Сирија и Либија

Во денешната опозиција се оние исти луѓе кои од Европската Унија не оддалечија подалеку од што бевме и на почетокот на претпристапните преговори. Во нивното владеење, во 2015 и 2016, нашата земја беше на дневен ред во иста европска комисија и иста седница со земји во криза, како Сирија и Либија

October 29, 2019 16:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во денешната опозиција се оние исти луѓе кои од Европската Унија не оддалечија подалеку од што бевме и на почетокот на претпристапните преговори. Во нивното владеење, во 2015 и 2016, нашата земја беше на дневен ред во иста европска комисија и иста седница со земји во криза, како Сирија и Либија“, вака им возврати министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на обвинувањата на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека власта пропаднала во интегративниот процес.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија и комисиската расправа за евроинтеграциите.

“Во телата на ЕУ исто така постојат два совета, едниот е совет за општи работи другиот е за надворешни работи. Во 2015 и 2016 година главно за нас во Брисел се дебатираше во совет за надворешни работи, во која се дебатира за земји во криза, во кои точки беа состојбата во Сирија и состојбата во Либија. Во 2016 година комисијата нашето општество го нарече заробена држава, можам и да читам цитати од тоа време. Заклучок од советот на ЕУ 2016 година: Ја потврдува својата серозна загриженост за продолжување на политичката криза, повикува на политичка волја, да се обезбеди конкретна целосна имплементација, земјата страда од политичка средина која предизвикува поделби, недостаток на култура на компромис со уназадување во важни области како правосудството. Таа политика којашто  не оддалечи подалеку од почетокот на пристапните преговори со ЕУ од било кога порано е за жал во континуитет претставена во денешната наша опозиција”, рече Димитров пред пратениците присутни во седницата на собраниската комисија за евроинтеграции.

Пратеникот Милошоски на почетокот на седницата обвини дека веќе нема место за образложение туку побара оставка од министрите Никола Димитров и Бујар Османи.

Истовремено, Димитров ги повика да расправат во комисијата за надворешни работи со која раководи самиот Милошоски.

Арбен Зеќири

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Николоски: За час и половина ќе се стигнува до Солун, брзата пруга станува реален проект

May 18, 2025

Пет лица загинаа во пад на два цивилни хеликоптера во Финска

May 18, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Брод удри во Бруклинскиот мост во Њујорк, двајца мртви и 22 повредени

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk