ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Она што го слушнавме од Јанушев ги вознемири сите жени во државата

Кандидатот за пратеник, Дамјан Манчевски на заедничката изјава со Царовска, а во однос на снимките со Јанушев, потенцираше дека не смее да останеме само на вербални залагања.

July 3, 2020 21:25
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

Страшно ме вознемири она коешто го слушнав денеска од кандидатот за пратеник на ВМРО – ДПМНЕ, Јанушев, а ги вознемири и сите жени во државата и сакам јавно да го осудам, изјави носителката на листа за пратеници во Изборната единица 1, Мила Царовска.

– Она коешто го слушнавме ни покажува како таа политичка партија се и како мажите од таа политичка партија управиваат со жените коишто имаат различно мислење. Сите ние имаме право на различно мислење. Сите ние имаме право на наше размислување и толму затоа се бориме денес почитувањето на женските права да останат високо на агендата на нашата држава, рече Царовска.

Истакна дека бевме сведоци на нивниот поранешен лидер кој зборуваше за некакви женски права и со тоа директно ги кршеше нивните права, ги затвори сите сервиси и не ги поддржа граѓанските организации за заштита на жените.

– Ние го напрвивме тоа. Како политичка партија правивме заложби за подобрување на законската регулатива. Ја ратификувавме Истанбулската конвенција којашто тие денес ветуваат дека ќе ја ратификуваат. Отворивме повеќе од 15 центри и носиме Закон за заштита и спречување на сите форми на насилство врз жените, што укажува на тоа дека како политичка партија препознаваме родово базирано насилство. Затоа ги повикувам сите жени да гласаат за коалицијата Можеме којашто освен што работи на унапредување на родовите прашања економски ги јакне жените и нивната независност, рече Царовска.

Кандидатот за пратеник, Дамјан Манчевски на заедничката изјава со Царовска, а во однос на снимките со Јанушев, потенцираше дека не смее да останеме само на вербални залагања.

– Мораме со конкретни мерки да се бориме против родовите стереотипи кои се уште постојат кај примитивните политичари. Таа борба не е лесна. Затоа, пред две години се обврзав да се водам од принципот дека не прифаќам да бидам дел од  конференција, дебата или панел дискусија доколку нема барем една жена говорник. Имаме успешни жени во сите области. Тие се рамноправни партнери во дискусии и дебати од кои не е лесно да се излезе како победник. Се залагам и за зголемување на бројот на жени на раководни позиции. Владата го усвои Законот за висока раководна служба, кој влезе во собраниска процедура, но не стасавме да се усвои пред почетокот на изборите, рече Манчевски.

Во законот, појасни, е предвидено доколку има кандидати со ист број на бодови за одредена раководна позиција, дека предност ќе има кандидатката.

– Во оваа област можеме многу повеќе и многу подобро. Заедно и еднакви!, додаде Манчевски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ахмети: Гоце Делчев со кече на глава држел говор пред Албанците и ги обединувал Македонците

НАЈНОВО

Старт на тридневната меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“

October 8, 2025
Фото: Скриншот

Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

October 8, 2025

Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Фронтлајн

    Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk