ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Рускоска доставила опомена пред тужба за клевета против ВМРО-ДПМНЕ

July 4, 2020 11:41
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Вилма Рускоска, шефицата на Основното јавно Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера преку полномошник доставила опомена пред тужба за клевета, пренесуваат од ДВ.

Тужбата е наменета до Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и се однесува на дел од содржината на изборниот спот на опозиската коалиција, насловен како „Криминална приказна“.

Во спорното видео, мајката го прашува детето која приказна сака да му ја прочита, а нејзиниот избор паѓа на приказна, која во спотот е прикажана со наслов: „Зоран и илјадниците ветувања“. Во нарацијата како главни протагонисти се спомнуваат „Црвенкапа, Зоран, Вицето и Рада“. Приказната што мајката му ја раскажува на детето, завршува со порака на Зоран до Црвенкапа: „Многу прашуваш ти, ќе ми направиш проблеми. Имам претчувство дека Вилма ќе те викне да си одбереш за што да ти покрене обвинение”.

Мајката завршува со констатација „…И сите криминално си живееја. Потоа им дојде даскалот“, а спотот завршува со партиската порака „Време е за посреќна приказна за вашите деца“.

„Јас како обвинител повеќе од 23 години, во сите предмети по кои сум постапувала сум се водела исклучиво по Закон и доказите кои сум успеала да ги обезбедам. Сакам да потенцирам дека никогаш не сум дозволувала политиката да влијае на моите одлуки. Политичарите се менлива категорија, а ние обвинителите треба нашата функција да ја извршуваме најпрофесионално, законито и според доказите кои сме успеале да ги обезбедиме. Впрочем, и затоа граѓаните не плаќаат.

Oд овие причини, одбивам да ме поврзуваат со која било политичка партија и да бидам злоупотребувана вo политички спотови. Не сум член на ниту една политичка партија, нешто што може многу лесно да се провери. Дотолку повеќе, што јас сум единствениот обвинител од осамостојувањето на Македонија, што има поднесено oбвинение против потпретседател на Собрание од редовите на, тогаш владејачката партија, СДСМ“, вели Русковска за ДВ.

Во опомената доставена до Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се бара извинување до обвинителката, толку пати колку што и спотот бил емитуван на секоја од телевизиите.

Доколку тоа не се случи, ќе биде поднесена тужба пред граѓански суд.

Next Post

(ВИДЕО) Шилегов: Еве како изгледа новиот мост во Скопје

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk