ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

УЈП: Од 12 јуни повратот на ДДВ раздвоен, за домашни 20, за странски 10 отсто

July 22, 2020 12:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Управата за јавни приходи од 12 јуни годинава ќе прави нова пресметка на повратот на ДДВ кај граѓаните, за второто тримесечје, поради измената, кај македонските производи да се врши поврат од 20 отсто, а кај странските од 10 отсто. Заради тоа, појаснуваат од УЈП, износот на повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесечје може да претрпи промена.

– Со Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица за време на вонредна состојба (,,Службен Весник на РСМ бр.156/2020 од 12.06.2020”) е регулирано – враќањето на делот од данокот на додадена вредност пресметан на прометот на македонски добра и услуги се врши во висина од 20 отсто, а за останати добра и услуги се врши во висина од 10 отсто, од пресметаниот данок на додадена вредност искажан во поединечна фискална сметка. Оваа пресметка се врши  oд денот на влегувањето во сила на Уредбата со законска сила и не подоцна од 31 декември 2020 година, наведуваат од УЈП.

Додаваат дека со цел имплементација на мерката преку која се поттикнува потрошувачката на македонските добра и услуги,  Управата за јавни приходи брзо и ефикасно ја приспособи апликацијата МојДДВ преку која на граѓаните кои скенираат фискални сметки за купените македонски добра и услуги ќе им се изврши поврат во висина од 20 отсто, а за останатите добра и услуги во висина од 10 отсто од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка.  

– Со овие приспособувања за скенираните сметки од 12 јуни 2020 година,  повторно ќе се изврши пресметка,  според раздвојувањето на македонски добра и услуги со 20 отсто и останати  добра и услуги со 10 отсто, наместо досегашните 15 отсто поврат на ДДВ. Поради оваа повторна пресметка износот на повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесчје може да претрпи промена, појаснуваат од УЈП.

Според Управата за јавни приходи со оваа  нова функционалност,  МојДДВ освен враќање назад пари кај граѓаните и  борба против неформалната економија ќе придонесе и кон ревитализирањето на домашната економија, а Управата за јавни приходи уште еднаш се докажа дека е партнер на македонското стопанството во надминување на последиците од здравствено економската криза и поддржувач на домашната економија.

Next Post

Апел за разумно користење на водата, пријави за диви приклучувања

Најново

Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk