ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Сугарески: Велешките села Раштани и Бузалково за прв пат добиваат чиста и квалитетна вода за пиење

July 22, 2020 14:04
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Конечно го решаваме деценискиот проблем со водоснабдувањето со кој се соочуваа преку 1500 жители на населените места Раштани и Бузалково, за што инвестираме половина милион евра“ – истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески кој денеска заедно со градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, изврши увид во изградбата на водоводен систем за н.м. Раштани и Бузалково.

Проектот предвидува изградба на водоводна мрежа и две препумпни станици и поврзување на селата Раштани и Бузалково на постоечкиот водоснабдителен систем на градот Велес. Градежните работи се во тек и како што истакна градоначалникот на општина Велес, се очекува проектот да биде завршен и пред предвидениот рок.

Министерот Сугарески истакна дека проектот е од огромно значење за жителите  на овие места, особено ако се земе во предвид фактот дека во Бузалково никогаш досега немало вододовод, додека водоснабдувањето во Раштани било делумно решено, но квалитетот на водата не бил на посакувано ниво.

„Како што ветивме пред граѓаните, во соработка со локалната власт, посветено работиме на изградба и реконструкција на комуналната мрежа насекаде во земјата, со цел да создадеме подобри услови за живот во секое населено место. Покрај изградбата на водоводниот систем во Раштани и Бузалково, во меѓувреме активно работиме на реконструкција на водоводи и канализации на 12 улици во град Велес, со што значително ќе ги подобриме комуналните услови во градот и околината.  Исто така, наш приоритет е да ја унапредиме локалната патна мрежа, за што преку Министерството за транспорт и врски обезбедивме 1,2 милиони евра за санација и реконструкција на локални патишта и  улици во општина Велес. Нашата цел од самиот почеток беше да ја унапредиме целокупната инфраструктура и да ги подобриме условите за животот како во урбаните, така и во руралните средини. Верувам дека со вакви инвестиции и заеднички заложби на централната и локалната власт за кратко време ќе ги решиме проблемите со водоснабдувањето, канализационите мрежи и патната инфраструктура, ќе го подигнеме квалитетот на живот и ќе придонесеме за економски развој на општините“ – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски истакна дека во текот на работната средба со министерот Сугарески, покрај статусот и текот на реализацијата на капиталните проекти во општината, разговарале и за постапките за носење на Детални урбанистички планови, при што градоначалникот го информирал министерот и за Генералниот урбанистички план.

„Со поврзувањето на селата Бузалково и Раштани на градскиот водоснабдителен систем засекогаш го решаваме вековниот проблем со кој се соочуваа жителите на овие населени места и обезбедувајќи чиста и квалитетна вода за пиење, значително ги подобруваме условите за живот во општината. Исто така, во соработка со Министерството за транспорт и врски, интензивно работиме на подобрување на состојбата на локалните патишта и улица. Градежната офанзива во Велес е во тек и ќе продолжи со уште посилно темпо во следниов период“ – изјави градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски

Next Post

ОН: За три децении Албанија ја напуштиле 1,2 милиони нејзини граѓани нето бројка

Shortcut

Најново

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk