ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Владата досега нема одземено ингеренции на ниедна општина во областа на управувањето со отпадот

July 27, 2020 13:58
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата информира дека досега не ги одземала ингеренциите за управување со отпадот на ниту една општина во земјата. Надлежноста и обврските за собирање, селектирање, транспорт и депонирање на комуналниот отпад, како и одржување на нестандардните локации за отстранување на отпадот се на единиците на локалната самоуправа, односно општините, известуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од таму додаваат дека Законот за управување со отпадот ја дава единствено можноста Владата на РСМ да ја преземе обврската за воспоставувањето на регионалниот систем, доколку општините не го сторат тоа самостојно. Донесувањето на „Одлука за давање согласност“ од страна на сoветот на општината никако не значи одземање на ингеренциите за управување со отпадот, туку се однесува на одлуката за воспоставување на регионалниот систем за управување со отпадот, односно регионалната депонија и придружна инфраструктура.

– МЖСПП и Владата досега се ангажираа да помогнат во воспоставувањето на системите во сите плански региони преку изнаоѓање на финансиски средства, чие оперирање понатаму сепак ќе биде обврска на општините, здружени преку Меѓуопштински Одбор за управување со отпад и Јавно регионално претпријатие, се вели во соопштението..

Министерството истакнува дека за источниот и североиосточниот регион се обезбедени средства преку ИПА 2 програмата. За Југозападниот, Пелагонскиот, Вардарскиот и Југоисточен регион се планираат средства преку ЕБРД, а за полошкиот плански регион се добиени средства од Швајцарската Влада.

„Што се однесува до полошкиот регион, беа обезбедени средства за подготовка на Регионален план за управување со отпадот и Стратешка оценка на влијанието врз животната средина. Во согласност со планот, МЖСПП блиску соработува со Швајцарскиот секретаријат за економски прашања (SECO) за инвестирање на 8 милиони евра за изградба на централен објект за управување со отпад –регионална депонија за комунален отпад во Русино, на местото на постоечката нестандардна депонија што ќе ги опслужува граѓаните во сите општини во регионот и изградба на 2 трансфер станици со вкупно инвестициони трошоци од еден милион евра.

До започнувањето на функционирањето на јавното регионално претпријатие „ЗЈП Русино/Полог“ и проектните активности за изградба на Русино во стандардна депонија со сите пропратни заштитни мерки согласно законот, обврската за оперирање со постоечката локација во Русино е се уште надлежност на општина Гостивар и ЈКП Комуналец од Гостивар. Општина Гостивар, преку ЈКП Комуналец од Гостивар има обврска да наплаќа за секој тон депониран отпад кој се одлага на Русино и со тие средства да ја одржува локацијата, со минимални технички услови за заштита на животната средина, спречување на влез на неформални лица, обезбедување од пожари и слично.“ известуваат од МЖСПП.

J. Ѓ.

 

Next Post

Мас: Не сметајте на подобри односи со САД, ако Трамп ги изгуби изборите

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk