ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вработените на Гугл ќе работат од дома до следното лето

July 27, 2020 17:16
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ

Компанијата „Гугл“ одлучи нејзините вработени да работат од дома до јули следната година, објави денеска „Вол стрит журнал“.

„Извршниот директор Сундар Пичаи лично ја донесе одлуката минатата недела по состанокот на највисоките директори на овој интернет-гигант“, пишува весникот.

„Гугл“ претходно планираше работниците да останат да работат од дома до крајот на 2020 година.

Новата одлука се однесува на сите вработени во „Гугл“, како вработените со полно работно време, така и хонорарните работници, вкупно околу 200 00.

Според „Вол стрит журнал, првиот човек на компанијата сака посебно да им помогне на работниците кои мораат да се грижат за децата, затоа што функционирањето на училиштата ширум светот е неизвесно за почетокот на учебната година на есен.

Една германска студија неодамна покажа дека работењето од дома за време на корона кризата работниците го доживуваат како позитивна промена.

„Вработените кои за време на корона кризата се префрлија на работа од дома помалку се под стрес и се попродуктивни“, се вели во студијата спроведена од Институтот Форса и ИГЕС за здравствената осигурителна компанија ДАК.

Пред појавата на пандемијата, 21 отсто од анкетираните изјавиле дека биле под стрес, додека само 15 отсто го кажале истото за време на корона кризата.

Меѓу оние кои, пак,  кои редовно работат од дома, 56 проценти рекле дека се чувствуваат попродуктивно дома отколку на работа.

Други позитивни ефекти од работењето од дома е подобро приспособување на работата и семејството (две третини од испитаниците), а исто толку сметаат дека особено позитивен ефект од работењето од дома кажува тоа што не мора да патуваат до работното место.

Од анкетираните 76,9 отсто се изјасниле дека ваков начин на работа сакаат да имаат и во иднина./МИА/

Next Post

Втора фаза за ревитализација на црквата Пресвета Богородица во Лешочкиот манастир

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео од Х

(ВИДЕО) Тесла Cybertruck доби максимални пет ѕвездички на тестот за безбедност

August 23, 2025

Шукова и Мојсова: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален

August 23, 2025

Касами смета дека нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk