ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Трговскиот центар „East Gate“ кај поранешен Скопски саем ќе биде готов догодина наесен

Покрај шопинг центарот, овој мултифункционален проект во себе вклучува и изградба на високо квалитетен резиденцијален и деловен простор. Вкупната изградена површина изнесува над 500 илјади метри квадратни.

July 30, 2020 12:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Скопје денеска беше потпишан договорот за најголемиот синдициски заем во земјава во висина од 72 милиони евра со што се заокружува финансирањето за изградба на трговскиот центар „East Gate“ кој е дел од мултифункционалниот проект „Skopje East Gate“.

Лидер на заемот е НЛБ Банка АД Скопје, а покрај неа учествуваат и НЛБ д.д. Љубљана, Комерцијална банка АД Скопје, Raiffeisen Bank Албанија и Халк банка АД Скопје.

Трговскиот центар ќе биде најголем во регионот и се очекува да биде отворен до октомври-ноември следната година. Според најавите, ќе ја има најголемата „Зара“ во регионот на површина од 4.700 метри квадратни. Четириесет проценти од површината во шопинг центарот ќе биде со 20 нови светски брендови кои досега не се присутни во државата, а ги има во земјите од Централноисточна Европа.

– Трговскиот центар се проектира да има 12 милиони посетители годишно, а закупиците годишно да остваруваат нето промет од 120 милиони евра. Овој проект се очекува да донесе повеќе од 2500 вработувања пред се во секторот трговија, но и во услужните дејности компатибилни со трговијата, истакна генералниот извршен директор на „East Gate“, Игор Давков.

Како што посочи, веќе се потпишани договори за закуп со над 150 трговци и издадени се над 80 проценти од центарот.
Според претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, Антонио Аргир, со денешното потпишување банките покажуваат дека заеднички можат да поддржат големи развојни проекти и во услови на криза.

Покрај шопинг центарот, овој мултифункционален проект во себе вклучува и изградба на високо квалитетен резиденцијален и деловен простор. Вкупната изградена површина изнесува над 500 илјади метри квадратни.

Од „Балфин групацијата“ се задоволни од поддршката што ја добиваат од банките и државните институции. Групацијата е позната по изградбата на Скопје Сити мол, а присутна е и во повеќе држави од Западен Балкан и неколку држави во Европа. Вработува повеќе од шест илјади луѓе.

Next Post

Анкета: Секој втор гласач на избори не би гласал за политичар со религија различна од својата

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk