ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хелсиншки: Најчести основи за дискриминација во земјава – пол, род, попреченост, сексуална ориентација…

Како што соопштија од Хелсиншкиот комитет, најчести области во кои граѓаните сметаат дека биле дискриминирани се работните односи, пристапот до добра и услуги, здравствена заштита, медиуми и образование.

July 30, 2020 12:59
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Според податоците од Годишниот информатор за дискриминација за 2019 година кој е дел од проектот „Поддршка на Северна Македонија во унапредувањето на владеењето на правото и човековите права“ што го спроведува Хелсиншкиот комитет за човекови права во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како најчести основи за кои граѓаните сметаат дека биле дискриминирани се пол, род, родов идентитет, попреченост, етничка припадност, здравствена состојба и сексуална ориентација.

Како што соопштија од Хелсиншкиот комитет, најчести области во кои граѓаните сметаат дека биле дискриминирани се работните односи, пристапот до добра и услуги, здравствена заштита, медиуми и образование.

– Во однос на работата на надлежните институции во областа на заштита од дискриминација,
во 2019 година забележано е намалување на бројот на постапки пред Народниот правобранител и бројот на мислења во кои е констатирана дискриминација, во однос на 2018 година. Народниот правобранител продолжува да води статистика за соодветна и правична застапеност и за случаите на дискриминација под една категорија, иако станува збор за две различни области. Забележано е значително намалување на судските постапки за заштита од дискриминација, се вели во соопштението.

Од добиените информации од јавен карактер од основните судови во земјава, додаваат, во 2019 година биле иницирани девет постапки за заштита од дискриминација и биле донесени пет одлуки, за разлика од 2018 година кога биле поведени 36 постапки за заштита од дискриминација и биле донесени 49 одлуки.

И оваа година, како и изминатите години, велат од Хелсиншки комитет, здруженијата на граѓани продолжуваат да бидат најактивни во делот на покренување на свесноста за постоењето на дискриминацијата.

– Судовите не водат посебна статистика за судските постапки иницирани за заштита од дискриминација, поради што не можат да обезбедат соодветни податоци за основите и областите за кои граѓаните барале заштита од дискриминација. Годишниот извештај не вклучува податоци за постапувањето и работењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација бидејќи по завршувањето на мандатот на Комисијата во август 2019, не беа избрани нови комисионери во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, па Комисијата не издаде годишен извештај, се наведува во соопштението.

Од Хелсиншки комитет порачуваат дека е неопходно проактивно вклучување на јавните функционери и државните институции во процесот за подигнување на свесноста за постоењето на дискриминацијата.

Од голема важност е, велат оттаму, Народниот правобранител да почне да води одделна статистика за случаите за соодветна и правична застапеност и за случаите на дискриминација. Апелираат Народниот правобранител почесто да го користи своето законско овластување за иницирање постапки по службена должност и да ја зголеми својата вклученост како „пријател на судот” (amicus curiae) во судски постапки за заштита од дискриминација.

– Судовите треба да почнат да водат посебна статистика за сите случаи на дискриминација, т.е. за статистиката треба да биде поделена по основите, областите и видот на дискриминација што ќе овозможи точен преглед на случаите на дискриминација. Дополнително вака судовите ќе можат да одговорат на потребата за доставување на точни податоци и утврдување на трендовите на дискриминација, велат од Хелсиншки комитет за човекови права.

Додаваат оти е потребно подобрување на пристапот до судска заштита од дискриминација и пристапот до правда воопшто за жртвите од дискриминација.

– Од најголемо значење е носењето нов Закон за спречување и заштита од дискриминација и воспоставувањето нова, функционална и професионална Комисија за спречување и заштита од дискриминација, како најважен механизам за превенција и заштита од дискриминација, стои во соопштението.

Хелсиншкиот комитет за човекови права во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го спроведува проектот „Поддршка на Северна Македонија во унапредувањето на владеењето на правото и човековите права“. Една од активностите во рамките на овој проект е подготовка на Годишен информатор кој ги прикажува збирните податоци добиени од здруженијата на граѓани за регистрираните случаи на нееднаков третман, информациите од јавен карактер добиени од првостепените судови за бројот на судски постапки во делот на заштита од дискриминација, како и обработка на податоците од годишниот извештај за 2019 година на Народниот правобранител во однос на регистрираните случаи, поведените постапки и донесените мислења за заштита од дискриминација./МИА/

Next Post

Коронавирусот влезе во уште една штипска конфекција

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk