Новак Ѓоковиќ во Париз со победата против Димитров во два сета, стигна до јубилејно 50 финале на мастерс турнирите.
Ѓоковиќ оваа година има импресивен скор 14-4 во тај-брејковите.
Во второто полуфинале на мастерсот во Париз се сретнаа Шаповалов и Надал. Надал беше принуден да го предаде дуелот поради истегнување стомачен мускул. Финалето Ѓоковиќ – Шаповалов, е утре со почеток во 15:30 часот.
Со победа Ѓоковиќ ќе се доближи на 640 бодови до Надал и ќе има солидни шанси да заврши како број 1 на крајот од годината.
Ј.Ѓ