УТРЕ конститутивна седница на Собранието, партиски разговори за формирање влада.
ЏАФЕРИ ја напушта Инфективна, можно е да ја води конститутивната седница.
ФИЛИПЧЕ: Обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19.
ПОРАКА од Пендаровски за Европскиот ден за сеќавање на холокаустот врз Ромите и Синтите.
РЕТКА фотографија од изградбата на Македониумот, симболот на македонската борба.
СООБРАЌАЈОТ на патиштата се одвива непречено, по суви коловози.
НЕГОТИНЕЦ лишен од слобода, превезувал мигранти во „фолсваген венто“.
БАЈДЕН го честиташе Илинден на македонските Американци во САД.
САД го честитаа празникот Илинден.
СВЕТСКА здравствена организација (СЗО) синоќа соопшти дека во изминатите 24 часа потврдени се рекордни 262.929 случаи на новиот коронавирус.
ВО повеќе црногорски градови одржани авто-литии во знак на протест.
КИПАР воведува задолжителен тест за туристите од Грција.
ВО поголeм број француски градови задолжително носење маска и на отворено.
ГЕРМАНИЈА воведува задолжителни тестови за тие што се враќаат во земјата.
ЕВАКУАЦИЈА на населението во источна Кина поради тајфунот Хагупит.
АВСТРАЛИЈА ќе исплати надомест за отсуство од работа поради карантинот.
БЕЛАТА куќа синоќа потврди дека претседателските избори во САД, ќе се одржат, како што се закажани на 3 ноември.