ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Соседите се нашите пријатели, а не непријатели

Односите меѓу народите се динамични, тие не се трајни, како што вообичаено се мисли. За жал, таков е случајот и со Македонската опозиција, а богами и со голем дел од нашата медиумска и интелектуална елита, зборувајќи ни дека стално некој нас сака да нѐ земе, да нѐ пороби или колонизира, што значи тие нас константно нѐ бранат од некој што не ѝ мисли добро на земјата.

September 21, 2019 16:09
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Пред некоја вечер сакав да видам како функционираат гогле-мапите на мојот телефон барајќи градови, адреси, улици и булевари; по некоја случајност, ми се појави Фиренца, моја неостварена желба да отидам тамо. Не се сеќавам каде точно прочитав, ако човек живее во Фиренца тогаш тој живее во историја, втемелен е на таа цивилизација која трае. Во тој град сѐ ти е на дланка, и уметничките ремек-дела, и развиените општествени односи, и атмосферата на полисот. Настрана што има премногу сонце и светлина.

Уф!, се противам на живот во историја (и тука влегувам во противречност) – веднаш себе се видов во некој досаден музеј. Потоа почнав да буричкам по книги, го барав цитатот на Норман Мaјлер за Европа која требало да ја запали сета своја историја како не би се угушила. Навистина, секогаш кога ќе се почувстувам нападнат од преголемо количество на историја – а Хегел, тој заебан тип на духот нѐ учеше дека „историјата нѐ учи дека на ништо не нѐ учи“ – се чувствувам дестимулиран, како сѐ на овој свет да е направено на најдобар можен начин. А музеите ги мразам, секогаш ако одам, што е многу ретко, одам да видам конкретна работа која посебно ме интересира, никогаш во обиколка. Свесен сум дека во Фиренца ќе ми бидат „на дофат“ Микеланџело, Галилеј, Макијавели…

На овие ламентации ме поттикнаа размислувањата за овој балкански полуостров во кој ние живееме и егзистираме. Целиот овој простор е една поделена средина. Имав среќа или можеби таа среќа беше детерминирана од околностите кои дозволија да прошетам и видам, практично да живеам во неколку градови низ бившојугословенската република, што ми дава за право од оваа позиција да констатирам дека сѐ уште овој Балкан е поделен, дури и кога ти не си ја напуштил територијата во која живееш.

Денес кога имаме интернет, социјални мрежи, алатки за комуникација, денес кога сѐ е хипер-поврзано, освен нас како луѓе, може конфликтите или недоразбирањата и на таков начин да се решаваат, ама имам чувство дека не се решаваат. И секогаш можеш да сретнеш дваесетина македонци кои не биле во Сараево, или луѓе од Сараево кое никогаш не биле во Скопје или Охрид, да речеме.
Сакам да кажам дека „времето на војни“ е тука околу нас од три причини: прво, се добива впечаток дека тие предрасуди кои војните во деведесеттите години од минатиот век систематски не се решаваат. Непрекинато се зборува за туѓа вина, а за таа вина најеклатантен пример се Србите на овие простори: тие непрекинато зборуваат дека се жртви, а во ниедна ситуација не зборуваат дека беа и агресори. Втората причина е наративот: целата дискурзивна матрица во медиумите е националистичка. Националистичкиот наратив секогаш бара непријател, што значи дека непријателот секогаш е близу. Урхо Кеконен, бившиот фински претседател рече нешто отприлика вака: „Паметните народи имаат пријатели близу, а непријатели далеку“. Што ми дава за право да помислам дека во нашиот регион ситуацијата е обратна: непријателите им се близу, а пријателите далеку, што е апсурд. И трето, во овој регион (со исклучок на Северна Македонија) на власт се луѓе кои на овој или оној начин беа актери на војната. И тие немаат никаков интерес за војната поинаку да се зборува, значи немаат никаков интерес да се зборува и признае злосторничкото минато, туку напротив. Тие ја цементираат таа слика за минатото гледајќи го соседот како непријател, само за да можат себе да се бранат, и за да можат својот политички програм да го бранат.

Сакам да кажам дека односите меѓу народите се динамични, тие не се трајни, како што вообичаено се мисли. За жал, таков е случајот и со Македонската опозиција, а богами и со голем дел од нашата медиумска и интелектуална елита, зборувајќи ни дека стално некој нас сака да нѐ земе, да нѐ пороби или колонизира, што значи тие нас константно нѐ бранат од некој што не ѝ мисли добро на земјата.

Според истражувањата на „Фактор плус“, граѓаните на овие бившојугословенски држави од март 2019 година, најнегативно мислење имаат за оние народи со кои се граничат: Хрватите и Албанците. Се поставува прашањето: дали ние во околните држави гледаме соседи или непријатели? Е сега, кога го прочитав ова прашање, се присетив кога бев мал, и некаде прочитав дека „Југославија е опкружена со грижи“. Тие „грижи“ беа иницијали за тогашните исти држави од кои беше создадена Југославија. Гледате, таа параноична позиција и во самата Југославија, денес е пренесена и на овие наши мали државички, само во друг, етно клуч, а не во социјалистички клуч како што беше тогаш.

Меѓутоа, вие на соседите секогаш може да гледате како на непријател ако вие таа позиција ја изберете. Или таа позиција ве избере вас, сосема сеедно. Ама тоа е нездрава позиција.

Никој вам не ви е суден да ви биде пријател или непријател, туку зависи од тоа како ќе се постават политичките елити во дадениот контекст. Тамо каде што нема нерасчистени односи, тамо нема ниту некои особени непријателства. На крајот на краиштата, ако само за момент отидете во минатото, и да речеме кога овде би се створил некој граѓанин од пред сто-и-нешто-години, сигурен сум дека некои традиционални непријателства би ги лоцирал во Турците и Бугарите. Па потоа, кога се создаде Југославија, непријателите се преместија во таа федерација.

Сакам да кажам дека непријателите во суштина се менливи, само зависи политичкиот контекст, а ако се менливи, тоа значи дека се арбитрарни. Така што, да се вратиме на главната поента: вие може да имате непријатели ако сакате да имате непријатели, а ако сакате да имате добри соседи, и тие да ве имаат вас, тогаш ќе имате соседи.

Да завршам. Соседи не можете да бирате, соседи се оние кои тоа и’ реално се, соседи се оние кои живеат тука до вас, и ако вие барате најдобри пријатели, роднини и соседи некаде далеку од вас, ако ги барате некаде во Руските степи или во Американските прерии, вие нема да ги добиете. Вие може некој што е далеку од вас да го идеализирате, да очекувате тој да ви биде покровител, па дури и „тој некој“ за да дојде до вас најпрво треба да пројде покрај тие соседи.

Одговорна власт и земја е онаа која сфаќа дека нивни прави соседи се оние кои живеат просторно и географски веднаш до нив.
Погледате ги Скандинавците. Погледајте како Скандинавските земји меѓусебно комуницираат и соработуваат. Не се ниту тие без меѓусебни историски оптеретувања, не е точно дека секогаш меѓу Скандинавските земји било идилично, па демек сега немаат причина за конфликти. Не, имаа и тие сешто во некое далечно минато, ама тоа го оставија позади себе.

Северна Македонија е на добар пат, оваа влада добро го разбира контекст, а таа потврда стигна и од господин Туск, големиот претседател на Европскиот совет: „Нема подобро место од Скопје за мојот апел до лидерите на ЕУ – сега вие сте на ред. Бидејќи Сееверна Македонија го направи своето“.

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Анчелоти пред „Ел Класико“: Не би рекол дека Барселона е фаворит

May 11, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Студентите во блокада во Србија бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно радикализација

May 11, 2025
Генерирано со ВИ

Индија и Пакистан упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk