ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Запленети големи количества дрога и оружје во 24 градови, на 54 локации низ земјава

По претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности, со наредба од судија на претходна постапка, во текот на вчерашниот ден биле реализирани симултани претреси во вкупно 24 градови, на дури 54 различни локации, додека пронајдените и одземени количини на наркотична дрога и пронајденото оружје се веќе предадени на вештачење.

September 21, 2019 16:24
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
фото: МВР

фото: МВР

Share on FacebookShare on Twitter

Во координирана полициска акција на 54 локации во 24 градови пронајдени и одземени се поголеми количества дрога и оружје, јавува МИА.

Како што информира Сузана Прањиќ Талевска, началничка на Одделението за информации од јавен карактер при МВР,  Бирото за јавна безбедност, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција, сите осум сектори за внатрешни работи во државата во соработка со Одделот за специјални полициски операции и во координација со основните јавни обвинителства, вчера спровеле координирана полициска акција за спречување кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога на територијата на цела Република Северна Македонија.

Прањиќ Талевска ја извести јавноста дека, по претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности, со наредба од судија на претходна постапка, во текот на вчерашниот ден биле реализирани симултани претреси во вкупно 24 градови, на дури 54 различни локации, додека пронајдените и одземени количини на наркотична дрога и пронајденото оружје се веќе предадени на вештачење.

– Од досега спроведените мерки и активности на МВР за борба против уличното дилерство во текот на изминатите два месеца на територијата на Република Северна Македонија запленети се вкупно околу 22 килограми марихуана, над 500 стебла од марихуана, семки од канабис, кокаин, хероин, хашишово масло, околу две илјади милилитри метадон, околу 200 парчиња таблети МДМА и екстази. Покрај ова, одземени се три пиштоли, една ловна пушка, една рачна бомба кашикара, 56 куршуми од различен калибар, по четири ваги и дробилки, како и седум патнички моторни возила и еден мотоцикл, рече Прањиќ Талевска.

За овие кривични дела, како што истакна, поднесени се 30 кривични пријави против 36 лица, од кои во 18 е одредена мерка притвор и една мерка на претпазливост, додека за едно лице е распишан и централен распис.

Прањиќ Талевска информира дека активностите на МВР во борба против уличното дилерство ќе продолжат и во идниот период со засилен интензитет.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Српска жандармерија насилно пред Правен факултет во Белград. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

July 3, 2025
Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk