ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Приходите во буџет забележаа раст, ревитализацијата на економијата со добра динамика

August 5, 2020 09:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Приходите во Буџетот во јули годинава првпат од почетокот на коронакризата забележа месечен раст, а тоа укажува дека ревитализацијата на економијата се одвива со добра динамика и очекувањата се дека во третиот и четвртиот квартал од годинава ќе има постепено опоравување на домашната економија.

Според објавените податоци од Министерствто за финансии, вкупната наплата на приходи во јули изнесува 17,9 милијарди денари. Даночните приходи се наплатени во износ од 10,2 милијарди денари, или 1,7 проценти помалку од лани. Данокот на додадена вредност првпат од почетокот на кризата забележува раст во однос на минатата година од 1,2 проценти, што следи по падот во јуни од 7,5 проценти и високиот пад во мај и април од -33 и -43,5 проценти респективно. Се забележува и висок раст на увозните давачки од 18,3 проценти, понатаму раст на персоналниот данок од 0,4 проценти, додека помала наплата има кај акцизите и данокот на добивка.

Придонесите забележуваат раст од 11,9 приценти во однос на истиот месец лани, со што, според Министерството за финансии, продолжува добриот тренд на наплата на продонесите од јуни, кога беше забележана иста стапка на раст од 12,3 проценти. Оценуваат дека растот на придонесите во време на криза во голема мера може да се препише на мерките кои ги презема Владата односно поддршката од 14.500 ден по вработен заради исплата на платите за април, мај и јуни.

Придонесите бележат раст од 8,6 проенти во однос на истиот период лани, а заклучно со првото полугодие раст од 8 проценти.

На расходната страна заклучно со јули забележан е раст од 11,6 проценти на годишно ниво. Дефицитот заклучно со јули е реализиран 4,76 проценти од БДП и е согласно планираната динамика со Ребалансот.

– И покрај предизвиците со кои се соочува македонската економија, во услови на справување со КОВИД, извршувањето на буџетот се одвива по план. По реализацијата на вкупните приходи во јуни кои изнесуваа -9,6 отсто споредено со лани кога рестриктивните мерки почнаа да се олабавуваат и економската активност да заживува, позитивната реализација во јули со раст од 1,4 проценти говори дека заживувањето се одвива со добра динамика. Целта на Министерството за финансии е да обезбеди континуирано извршување на Буџетот, без застој, во законски утврдените рокови, односно вработените да земат плата, социјално загрозените да ги добијат навремено своите надоместоци, фирмите редовно да ги наплаќаат своите побарувања кон буџетските коирсници, да нема заостанати обврски, како и навремен поврат на данок. Тука се и мерките за КОВИД, поддршка која државата ја дава на граѓаните и фирмите, во согласност со можностите, преку домашната платежна картичка, преку субвенционраните плати и придонеси, преку одложувањата на плаќањата на даночните обврски, истакнува министерката за финансии Нина Ангеловска.

Уверува дека финансирањето на буџетот е обезбедено и во случај на евентуален втор бран на пандемијата.

Next Post

Физички е нападнат Беким Асани, активист на ЛГБТИ Јунајтед од Тетово

Shortcut

Најново

Шок во Париз: Јаник Синер сензационално елиминиран во второто коло на Ролан Гарос

May 28, 2026

Промоција на инклузивната сликовница „Големиот сон“ од хуманитарецот Денис Јанкуловски – Космонаутко во Кисела Вода

May 28, 2026
Generated by pixel @ 2026-05-

Пад на акциите на Ферари по промоцијата на првиот целосно електричен автомобил „Luce“

May 28, 2026
Фото: Влада

СДСМ: Прославата на независноста не смее да биде параван за приватизација на културата

May 28, 2026

МВР: Со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, со задолжителна четири часовна претходно помината теоретска обука

May 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk