200 нови случаи на Ковид-19 денеска! Продолжете да ми зборувате за плажи, за журки, дека ситуацијата е под контрола, посебно гледајте да постирате дека маските се глупост, а дистанцата непотребна, напиша новинарката Мери Јордановска на својот фејсбук профил.
„Зборувајте ми за теории на заговор и како се поткупени сите влади, доктори и научници! Зборувајте ми дека ако си асимптоматски не треба да влезеш во статистика и дека умираат само хронично болни, каде патем влегува и покачен крвен притисок, што е пола држава.
Ама претходно зборнете со луѓе кои ја поминаа болеста и прашајте ги за последиците! Прашајте ги како се сега“, напиша Јордановска.







