ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Француското дуо Ариан Баке и Теодор Ламбер вечер на „Охридско лето“

August 17, 2020 08:18
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва нуди целовечерно уживање со концертот на француското дуо Ариан Баке на обоа и Теодор Ламбер на пијано.

Разновидната кариера на Ариан Баке вклучува настапи како солистка, оркестарски и камерен музичар и активна педагогија. Во постојана потрага по нови предизвици и нов репертоар, Баке е дел од различни проекти и е член на оркестарот во градот Лил, операта во Лимож, ансамблот „Апасионато“, а често е дел од камерни состави како: дувачки квинтет, дуо со пијано и слично.

Во последните две години таа е дел од повеќе интернационални оркестри, како оној на фестивалот Шлезвиг-Холштајн, а преку таквите активности и се укажува можност да свири во познати германски концертни сали, како новата филхармониска сала во Хамбург, Концертхаус во Берлин со диригенти од рангот на Кристоф Ешенбах со кој исто така настапила во дуо- на концерт снимен од НДР. Покрај класична музика, Ариан Баке свири и џез и електронска музика настапувајќи со ансамблот „Арт соник“ со кој свири популарна музика, електро музика и слободни импровизации. Во 2014 дипломира обоа и камерна музика, а подоцна и магистрира на Парискиот конзерваториум. Покрај музика, таа студира и француска литература.

Пијанистот Теодор Ламбер дипломира на Конзерваториумот за музика во Париз и е лауреат на повеќе интернационални натпревари како „Виртуози на срцето“, натпреварот „Шопен“ во Брест и натпреварот „Клод Бонетон“. Настапува како солист на фестивали во Германија, Холандија и Франција, а како камерен музичар има завидна кариера со ансамблот „Аралиа“ што настапува како резидентен ансамбл во Европскиот центар за камерна музика. Покрај тоа настапува на познатиот клавирски фестивал Рок Д’ Антерон и во Москва, Манчестер, Хаг, Савона и Сполето. Активен е и како композитор, неговите дела се изведувани во Франција и Канада, а последното дело за 13 инструменти е нарачка од Парискиот конзерваториум и премиерно е изведено на Фестивалот во чест на Дебиси.

На програмата на вечерашниот концерт се дела на Шуман, Дранишкова, Чајковски, Пуланк, Рахмањинов, Паскули. За настапот на француското дуо е резервирана сцената во Предворјето на катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот.

Next Post

Спречена кражба на музички инструменти во Берово

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk