Славната двојка, пејачот Џон Леџенд и водителката Криси Тајген открија дека нивното семејство набрзо ќе биде поголемо за уште еден член.
Тие ја соопштија веста во најновиот спот на Леџенд за песната „Wild“.
Парот веќе има 2 деца, четиригодишната ќерка Луна и двегодишниот син Мајлс.
Тајген и Леџенд беа доста отворени во текот на нивната битка за принова, па Криси вели дека и самата е изненадена бидејќи „била убедена дека не може природно за затрудни“.
— chrissy teigen (@chrissyteigen) August 14, 2020
Многу сме возбудени, вели Леџенд за Today. „Изненадување беше – мало карантинско изненадување би можело да се рече“.
Благодарни сме за сите убави желби што ги добивме од луѓе низ цел свет, додава пејачот.
Извор: Е!