ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЕКСКЛУЗИВНО: СДСМ ги добива клучните владини ресори, Заев ќе води Влада со фокус на економијата и правдата

August 19, 2020 10:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе се гледаат контурите на новата влада, иако сѐ уште нема официјални податоци за поделбата на ресори. Едно е сосема јасно, Зоран Заев доби полн четиригодишен мандат. Тој ќе води Влада со очигледна амбиција во овој мандат да се посвети на домашните теми, со посебен фокус на економијата и правдата.

Во секој момент се очекува да се распрснат сите шпекулации и зајадливи коментари како меур од сапуница. Иако се очекуваше дека ДУИ ќе добие несразмерен колач од ресорите во владата, Заев во преговорите успеа да воспостави избалансиран состав на влада, соодветен на основната програмска ориентација и ветувања. Тој, со ваков состав на владата добива ветер во грбот.

Ексклузивно дознаваме дека СДСМ ги добива клучните ресори: премиер, вицепремиер за економски прашања, вицепремиер за европски прашања, правда, транспорт и врски, внатрешни работи, образование, труд и социјална политика, здравство, култура, локална самоуправа, земјоделство и одбрана.

Во финалето на преговорите кои траеја далеку помалку од предвидениот уставен рок од 20 дена. Заев и СДСМ уште еднаш манифеестираат сериозен коалиционен капацитет и способност за политички маневар со кои се обезбедуваат извесност, сигурно владеење и простор да се испорачаат резултатите дома.

Во преговорите, како што се дознава, Заев покажал доблест и самостојно им отстапил на ДУИ 100 дена премиерска позиција пред следните парламентарни избори. Тоа значи дека нема веќе Пржинска Влада, нема веќе вештачки решенија како што беше еден Наќе Чулев или, пак, Рашела Мизрахи, со гротескни и исто толку деструктивни постапки во текот на најделикатните месеци од годината кога земјата беше соочена со тешките последици од епидемијата од коронавирусот.

Исто така, ДУИ во текот на преговорите биле принудени да се согласат на исклучително важните принципи како што се транспарентност и одговорност повеќе од било кога порано.

Решението кое се споменува за Министер за финансии од редовите на ДУИ е Фатмир Бесими, човек кој важи за близок соработник на Зоран Заев, со тоа СДСМ не губи ништо, а државата добива квалитетен кадар.

Џ. Дерала

Next Post

Виртуелно доживување за посетителите на археолошкиот локалитет Стоби

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

(ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

November 10, 2025

Николовски: Се потврди скандалот со ИПАРД

November 10, 2025
Фото: Скриншот

Ѓорѓиевски: Над 300 милиони е вкупниот долг на ЈП, до денес се над 500 отпуштени кои не доаѓале на работа

November 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    ВЛЕН: Непознавањето на албанскиот јазик на Јаневска не треба да води до фрустрација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фрчкоски: Македонија е доведена до еутаназија, на власта ѝ преостанува да почне со прогон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска-Давкова: Заклетвата е обврска кон државата, но и кон вистината и правдата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стоечки овации за македонското трио Анимато во Тирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk