ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски е неодговорен и незрел политичар кој нема став и не си стои на зборот

Во текот на најголемата криза со пандемијата на коронавирусот Мицкоски се однесуваше деструктивно, ширеше лаги и невистини дека нема доволно тестови за Ковид-19 во државата и ги делеше здравствените работници по партиска основа.

August 23, 2020 11:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Христијан Мицкоски останува неодговорен и незрел политичар, кој нема доблест да се соочи со реалноста и да преземе одговорност и продолжува да ја држи опозициската ВМРО-ДПМНЕ во минатото, во режимската и деструктивна матрица, се вели во соопштението до јавноста објавено на интернет страната на СДСМ.

Во текот на најголемата криза со пандемијата на коронавирусот Мицкоски се однесуваше деструктивно, ширеше лаги и невистини дека нема доволно тестови за Ковид-19 во државата и ги делеше здравствените работници по партиска основа.

Неговото неодговорно однесување за време на пандемијата кулминираше со континуираното непочитување на мерките за заштита. Мицкоски за време на пандемијата одеше во теретана, кога спортските објекти беа затворени, седеше во затврен дел од кафана, кога тоа беше забрането, а на предизборните собири на ВМРО-ДПМНЕ не се почитуваа мерките за заштита од пандемијата.

Претходно, неодговорниот Мицкоски правеше сѐ за да го спречи носењето на Законот за јавно обвинителство во обид да ги спаси криминалците и тајкуните од ВМРО-ДМНЕ, правеше се за да ја блокира интеграцијата во ЕУ и НАТО, во обид да ја врати државата назад во изолација.

Ништо не му успеа на Мицкоски. Граѓаните трипати по ред ја поразија неговата незрела, неодговорна и антидржавна матрица.

Мицкоски како прв човек на ВМРО-ДПМНЕ ништо конкретно не им понуди на граѓаните, но додека беше на чело на најголемата електро-енергетска компанија многу конкретно ја покачи цената на струјата за цели 100%. Мицкоски е најлошиот директор на ЕСМ.

Додека му беше советник за енергетика на Груевски, Христијан Мицкоски си доби бизниси со хидроцентрали токму од Владата во која бил советник.

За сето ова време Мицкоски покажа дека не го бидува за ништо освен за одбрана на криминал и остварување сопоствени бизнис интереси. Со таков нечесен и неодговорен однос кон граѓаните, Мицкоски уште долго време ќе биде на поразената страна.

Next Post

Борисов: Правната држава не се постигнува со грубо кршење на владеењето на правото

Shortcut

Најново

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk