ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Борисов: Правната држава не се постигнува со грубо кршење на владеењето на правото

August 23, 2020 11:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

„Тоталитарните режими уништија милиони човечки судбини. За насилството и суровоста, со која се поткопаа основните слободи, нема место во денешниот свет!“, напиша премиерот Бојко Борисов на својот профил на Фејсбук по повод денешниот ден кога Европа им оддава почит на жртвите на националсоцијалистичкиот, комунистичкиот и другите тоталитарни режими.

„Нема место за националсоцијализам и комунизам. Убеден сум дека нема место за реваншизам и поделби. Кренатите тупаници и намерниот притисок врз граѓаните не се симбол на демократијата. Правната држава не се постигнува со грубо кршење на владеењето на правото. Историјата треба да се запомни, за да се донесат правилни одлуки, дури и кога се тешки за носење. Верувам дека редот, развојот и разбирањето се постигнуваат преку дијалог, а не со тупаница! Затоа, да ги постигнеме со дела”.

„Поклонување пред сеќавањето на жртвите од тоталитарните режими! “, напиша бугарскиот премиер, пренесува БГНЕС.

На 23 август Европа им оддава почит на жртвите од националсоцијалистичките, комунистички и други тоталитарни режими. На денешен ден пред 81 година, Германија и СССР потпишаа пакт за ненапаѓање попознат како „Пактот Молотов-Рибентроп“. Договорот имаше и таен протокол, во кој беа дефинирани „сферите на влијание“ и окупациските зони. Практично, овој пакт меѓу Хитлер и Сталин е подготовка за Втората светска војна, јави БГНЕС.

Денот на жртвите на сталинизмот и нацизмот – 23 август, прв пат беше побарано да се слави во јуни 2008 година за време на „Европската конференција за совест и комунизам“ во Прага. Форумот тогаш ја усвои таканаречената Прашка декларација. Декларацијата предлага 23 август, денот на потпишување на договорот меѓу Хитлер и Сталин, да биде ден на сеќавање за жртвите на нацистичкиот и комунистичкиот тоталитарен режим.

Во септември 2008 година, Европскиот парламент усвои декларација со предлог да се прогласи 23 август за Европски ден на сеќавање за жртвите на злосторствата од сталинизмот и нацизмот.

Во декларацијата се наведува дека пактот „Молотов-Рибентроп“, склучен на 23 август 1939 година меѓу Советскиот сојуз и Германија, ја дели Европа во две сфери на влијание преку своите тајни дополнителни протоколи./МИА/

Next Post

Пладневен преглед на вести: Тиквешко езеро примамлива опција за домашните туристи, СДСМ: Мицкоски е незрел политичар кој не си стои на зборот...

Shortcut

Најново

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk