ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СЗО: Пандемијата се шири, но растот на нови случаи забавува

August 25, 2020 13:03
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пандемијата на коронавирус продолжува да се шири, но растот на бројот новозаразени и смртни случаи од Ковид-19 е забавен на глобално ниво, освен во Југоисточна Азија и Источен Медитеран, соопшти Светската здравствена организација.

СЗО во последниот извештај за пандемијата, објавен вчера, истакнува дека Северна и Јужна Америка и натаму претставуваат најтешко погодени региони, каде што се регистрирани половина од бројот на новозаразени од над 1,7 милиони и 62 проценти од 39.240 смртни случаи потврдени во текот на минатата недела.

Бројот на новозаразени минатата недела се намали за четири проценти во однос на претходната недела, додека бројот на починати е намален за 12 проценти, соопшти СЗО.

Југоисточна Азија, втората најсериозна епидемиолошка ситуација во светот, пријави зголемување на бројот на новозаразени за 28 проценти, додека бројот на смртни случаи од коронавирусот се зголеми за 15 проценти.

„Исто така, во источниот медитерански регион, бројот на заболени од Ковид-19 е зголемен за четири проценти, додека бројот на смртни случаи од оваа болест постојано се намалува во текот на изминатите шест недели.
Бројот на новозаразени и смртни случаи од коронавирус во Африка се намали за осум до 11 проценти минатата недела“, се вели во извештајот на СЗО.

Во Европската унија, бројот на нови пријавени случаи на Ковид-19 е во константен пораст во последните три недели.

Во текот на минатата недела, се зголеми само малку, за еден процент, додека бројот на смртни случаи продолжи да расте.

Според податоците на СЗО, регионот на Западен Пацифик забележал пад од пет проценти на нови инфекции.

Досега над 23,65 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирусот, додека 811.895 починале како резултат на болеста предизвикана од него.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Најмногу умрени во еден ден од почетокот на пандемијата во Бугарија

НАЈНОВО

Војаџер 1 и 2, Фото: Генерирано со ВИ

ФронтКосмос VI: Патот и мистериите на Војаџер 1 и 2 – гласот на човештвото

October 12, 2025

Кац нареди ИДФ да се подготви за уништување на сите тунели на Хамас

October 12, 2025

Локални избори во Косово – на гласачкото ливче има 93 политички субјекти – 32 партии

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk