ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Во Дебар се направени над 1.200 тестови од почетокот на пандемијата

Од досега направените тестирања, заклучно со вчерашниот ден, позитивни на вирусот биле 242 лица, од кои 191 во втората фаза.

August 26, 2020 15:56
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во општина Дебар, која беше прво жариште на Ковид-19 во земјава, заедно со соседната општина Центар Жупа, од крајот на февруари до сега се направени повеќе од 1200 тестови на сомнителни случаи, изјави за МИА епидемиологот Ментор Меља.

Тоа значи дека  во шестмесечниот период дневно се правеле најмалку седум тестирања. Меља додаде дека над 500 од сите тестови се направени во втората фаза од болеста – 5 јуни.

-Од досега направените тестирања, заклучно со вчерашниот ден, позитивни на вирусот биле 242 лица, од кои 191 во втората фаза. Она што посебно сакам да го нагласам е фактот дека споредено со првата, во втората фаза и старосната гарница на заразените е пониска, бидејќи меѓу заразените имаше лица на возраст од 20 до 35 години, како и три бебиња од три, шест и дванаесет месеци, рече Меља, кој е раководител на дебарската Работна единица на Центарот за јавно здравје, која со својата активност ги покрива општините Дебар и Центар Жупа.

Друга негативна карактеристика во втората фаза, рече Меља, е тоа што заразени има речиси од сите населени места. Споредено со првата фаза, кога од 51 заразен само двајца беа од селото Баланци во општина Центар Жупа, а сите останати од градот Дебар, во втората фаза коронавирусот е присутен и во селските населени места во двете општини.

– Кога се врати болеста повторно, првиот случај потврден на 5 јуни беше во селото Долно Косоврасти. Сега го има и во Броштица, Папрадник, Могорче, Џепиште. Деновиве регистрани се и првите случаи на заразени во неколку села во областа Горна Жупа, каде досега немаше ниту еден случај, посочи Меља.

Како единствен епидемилог, кој неуморно и максимално е ангажиран во изминатите шест месеци, не го крие разочарувањето од своите сограѓани во однос на непочитувањето на мерките, од што последица е и ширењето на болеста./МИА/

Next Post

Владата усвои протоколи за физичка настава, почеток на учебната година на 1 октомври

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk