ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковид-19 во светот: Бројот на досега инфицирани надмина 24 милиони

August 26, 2020 19:31
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот од новиот коронавирусот до сега се заразиле вкупно 24.184.434 лица. Од нив починале 825.994, а оздравеле 16.700.126.

– Во последното деноноќие во Бугарија се регистрирани 203 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број се искачи на 15.589, од кои активни се 4.416 случаи. Досега во земјата се направени 6.232 теста. На болничко лекување се 715 лица, од кои 64 на одделите за интензивна нега. Во последните 24 часа во Бугарија од Ковид-19 починале девет лица или вкупно 572.

– Во Романија, потврдени се 1.256 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени достигна 81.646, објавено е денеска во Букурешт. Уште 54 лица починале од вирусот корона, односно вкупно 3.421 лице од почетокот на пандемијата.

– Во последните 24 часа, во Србија се потврдени уште 154 случаи на коронавирус, од 9.932 тестирани примероци. Досега се потврдени вкупно 30.974 случаи на Ковид-19, а тестирани се 895.507 лица. Уште две лица починале, односно вкупно 707 луѓе од почетокот на пандемијата.  Хоспитализирани се 734 пациенти, а 37 лица се на респиратор.

– Во Австрија, во последните 24 часа повторно е забележан голем број на новозаразени со коронавирусот – дури 327. Само во Виена се регистрирани 178 нови случаи. Меѓу новозаразените има голем број на оние кои се вратиле од одмор во странство, а меѓу дестинациите, лидери се Хрватска (33,3 проценти), Турција (13,5), Косово (10,1), по што следат повратници од одмор во некоја од австриските провинции (7,1) и Србија (6,4).

– На Филипините се регистрирани 5.227 нови случаи на коронавирус, што е најголемо дневно зголемување на нови инфекции во последните 12 дена. Уште 99 лица починаа, објави филипинското Министерство за здравство.

– Во последните 24 часа, во Мексико се регистрирани 4.916 нови случаи на коронавирус, а починале 650 лица, соопшти Министерството за здравство. Од почетокот на епидемијата, заразени се 568.621 пациенти. Досега починале 61.450 луѓе.

– -Министерството за здравство на Кипар соопшти 10 нови случаи на Ковид-19 од 3.207 направени тестови во изминатите 24 часа, со што бројот на заболени се зголеми на 1.484 лица.

– Во Индија, во последните 24 часа се регистрирани повеќе од 67.000 нови случаи на коронавирус, а починале 1.059 лица. Во оваа земја, 3,2 милиони луѓе се разболеле од почетокот на епидемијата, а 1,5 милиони само во текот на минатиот месец. Од Ковид-19 досега починале 59.449 лица во оваа земја, соопшти Министерството за здравство.

– -Во последните 24 часа во Албанија регистрани се 168 нови случаи со Ковид-19, оздравени се 102 лица додека починаа четворица, меѓу нив и познатиот епидемилог Вилсон Топули. Апелираме до сите граѓани, деловни субјекти и инситуции строго да се почитуваат мерките за спречување на ширењето на опасниот вирус, стои во соопштението на Министерството за здравство и социјална заштита. -Во изминатите шест месеци, од почетокот на пандемијата до сега, направени се 58.752 теста, позитивен резултат е добиен кај 8.927 од нив, оздравеле 4.633, починале 263 лица додека активни на болеста се 4.031лице, наведува Министерството. Се посочува дека и понатаму загрижува појавата на постојан раст на бројот на оние на кои им е потребен болнички третман. Во двете болници ковид моментно се хопситализирани 164 пациенти од кои 19 се во тешка состојба.

– Бројката на жртви на епидемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на 492, откако во минатите 24 часа беа регистрирани нови четворица починати. Во лабораторијата за молекуларна микробиологија при Институтот за јавно здравдтво на Косово (ИКШПК) и во приватни лаборатории вчера со методот РЦ-ПЦР се тестирани 511 лица, при што кај 157 од нив е откриено присуството на коронавирусот. Вкупно од појавата на епидемијата заболени од Ковид-19 резултирале 12.840 од 48.743 лица кои се тестирани поради сомневање дека се заразени од новиот вирус. Вклучително вчерашните 154 евидентирани новоизлекувани, бројката на лица кои ја пребродиле болеста достигна до 8.942. Активни носители на вирусот, според официјалните податоци на ИКШПК, се 3.406 лица./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Хоти: Во Вашингтон одиме за конечен договор со Србија

НАЈНОВО

Војаџер 1 и 2, Фото: Генерирано со ВИ

ФронтКосмос VI: Патот и мистериите на Војаџер 1 и 2 – гласот на човештвото

October 12, 2025

Кац нареди ИДФ да се подготви за уништување на сите тунели на Хамас

October 12, 2025

Локални избори во Косово – на гласачкото ливче има 93 политички субјекти – 32 партии

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk