Граѓаните на Република Северна Македонија денеска може да се гордеат со уште едно значајно постигнување: Во годината кога станавме членка на НАТО, стануваме и земја домаќин на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG), напиша Оливер Спасовски во пост на Фејсбук по повод одбележувањето на почетокот на престојот на SEEBRIG во касарната во Куманово.
Со командата на SEEBRIG во Куманово, Република Северна Македонија добива признание за одлучното и посветено исполнување на стандардите на НАТО, за придонесот кон градење на светскиот мир и борбата против тероризмот, со учеството на повеќе од 4000 припадници на АРСМ кои беа дел од меѓународните мисии.
Создадовме услови, по највисоките НАТО стандарди, за 50 високи офицери на земјите членки на НАТО и на иницијативата SEEBRIG, од кои 10 офицери се од нашата армија, да ги исполнуваат своите оперативни задачи, напиша Спасовски во објавата на Фејсбук.
Д. Е.