ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕБОР: Економскиот раст оваа и наредната година 3,2 отсто

ЕБОР во ноемврискиот извештај за економските перспективи на регионите што ги покрива, наведува дека македонската економија продолжи да се опоравува по решавањето на политичката криза во 2017 година.

November 7, 2019 09:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
ZagrebRO 0010

ZagrebRO 0010

Share on FacebookShare on Twitter

Европската банка за обнова и развој ги ревидира проекциите за растот на македонската економија за оваа и за наредната година на 3,2 отсто, наместо претходно очекуваните три проценти, пренесе МИА.

ЕБОР во ноемврискиот извештај за економските перспективи на регионите што ги покрива, наведува дека македонската економија продолжи да се опоравува по решавањето на политичката криза во 2017 година.

По зголемувањето од 2,7 отсто во 2018 година, стапката на раст се зголеми на 3,6 осто во првата половина од годинава. Растот најмногу се должи на зголемената домашната побарувачка и првенствено закрепнувањето на инвестициската активност.

Стапките на општата невработеност и невработеноста кај младите се намали на 18 и 35 отсто во однос на 2018 година кога изнесуваа 21 и 48 отсто. Инфлацијата остана ниска и изнесува еден процент во првите девет месеци од 2019 година. Растот се очекува да достигне 3,2 проценти и во 2019 и во 2020 година, поддржан пред се од зголемувањето на инвестициите.

Решавањето на проблемот со името со Грција помогна да се зајакне довербата на инвеститорите, што е потврдено со зголемувањето на рејтингот на „Фич“ во јуни 2019 година на ББ +. Сепак, остануваат тековните ризици за економските проекции. Тие главно се однесуваат на одложениот почеток на преговорите за пристапување во ЕУ, што може да го ослабне моментумот на реформите во земјата, оценува ЕБОР.

Во извештајот на ЕБОР се истакнува и дека растот во регионот на Западен Балкан забави во првата половина на 2019 година на 2,9 отсто (пад за повеќе од еден процентен поен од 2018 година). Забавувањето е забележано во сите економии, со исклучок на Косово и Северна Македонија. И покрај забавувањето во еврозоната, приливот на странски директни инвестиции во регионот останува силен, и овие економии ќе  имаат корист од нивната поволна географска локација, квалификуваната работна сила и пониските трошоци за плати од оние во централна Европа, се вели во извештајот на ЕБОР. 

Next Post

Во Скопје изминатото деноноќие 11 сообраќајки, четворица повредени

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk