ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите расположливи податоци, најголемо зголемување на бројот на заразени со коронавирус во регионот е забележано во Хрватска, каде што има 262 нови случаи.

August 31, 2020 19:45
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот од новиот коронавирус досега се заразиле вкупно 25.490.828 лица. Од нив починале 852.192, а оздравеле 17.796.649 луѓе.

Во последните 24 часа во Велика Британија се потврдени 1.406 нови случаи на коронавирус, што претставува намалување на бројот на нови случаи во однос на претходниот ден кога имаше 1.715.  Две лица кои последните 28 дена бил заболени од Ковид-19 умреле, со што вкупниот број на смртни случаи според новиот систем за броење се зголеми на 41. 501, пренесуваат британските медиуми.

Во Бразил беа регистрирани 16.158 нови случаи на коронавирус, а 566 лица починаа. Досега во оваа земја од влијанието на коронавирусот умреа 120.828 пациенти, а повеќе од 3,8 милиони луѓе се заразени.

Во Колумбија повеќе од 600.000 луѓе се заразени со коронавирусот, а бројот на смртни случаи се приближи на 19 400. Во земјата се потврдени 607.938 случаи на инфекции, а во моментов има 136.702 активни случаи.

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти за 183 нови случаи на Ковид-19, од кои 10 по направените тестови на влезните точки во земјата, а починаа уште четири лица. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 266 смртни случаи и 10.317 заразени лица.

Во Кипар денеска е регистриран само еден нов случај на Ковид-19 од 1.916 направени тестови во изминатите 24 часа, со што бројот на заболени се зголеми на 1.488 лица.

Во Јапонија  се потврдени 603 нови случаи на коронавирус, а други 15 лица умреа, соопшти јапонското Министерство за здравство. Во Јапонија досега се потврдени 68.577 случаи на инфекција со коронавирус, а умреле 1.297 лица, наведува Си-Ен-Ен.

Веќе 18 дена по ред Јужна Кореја регистрира трицифрен број на нови случаи, предупреди министерот за здравство, Парк Ноунг-ху. Од 248 нови пациенти во последните 24 часа, 187 се од Сеул, а министерот Парк предупреди дека во последните две недели се потешко станува следењето на начинот на инфекција кај пациентите.

Според најновите расположливи податоци, најголемо зголемување на бројот на заразени со коронавирус во регионот е забележано во Хрватска, каде што има 262 нови случаи.

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани уште 243 заразени лица – 170 во ентитетот на Федерацијата БиХ и 73 во Република Српска.

Во последното деноноќие, во Албанија повторно има троцифрена бројка на заразени или 133 случаи со Ковид-19,информираа од Министертвото за здравстсво и социјална заштита.

Во Црна Гора се регистрирани 63 нови случаи на инфекција, а пријавени се и пет смртни случаи кај пациенти позитивни на Ковид-19.

Минатото деноноќие во Косово се регистрирани девет починати лица кај кои претходно било потврдено присуството на новиот коронавирус, со што бројката на жртви на епидемијата на Ковид-19 достигна до 525. Според официјалните податоци на Институтот за јавно здравство на Косово, изминатите 24 часа се потврдени 120 новозаболени, додека вкупно заразени од појавата на епидемијата се 13.454 лица. Во истиот период се евидентирани и 122 излекувани, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностицирани како заразени и ја совладале болеста достигна до 9.595. 

Во Австрија се регистрирани 272 новоинфицирани, од кои половината се од Виена./МИА/

Next Post

Во Москва претепан младиот блогер и жесток опозиционер, Јегор Жуков

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk