Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, меѓу новостите кои ги презентираа заедно со министерката за образование, Мила Царовска околу начинот на одржување настава и мерките кои треба да се почитуваат, исто така повика родителите да ги припремат своите деца за еден поинаков почеток на училишната година.
Апелирам до сите родители, наставници, целиот менаџмент на образовни институции максимално сериозно да пристапат кон спроведување на мерките на заштита од ковид-19. Нашата улога како родители е незаменлива.
Мора да работиме со своите деца и да ги подготвиме за новиот начин за одржување на наставата. Овој модел на настава нѐ штити сите нас – нашите роднини, блиски родители, баби, дедовци.
Оваа состојба не е избор, таа е нужност. До пронаоѓање на вакцината, да се навикнеме на новите правила на живот, работа, дружење и учење. Се може да се надополни, но здравјето и животот не може.