Нефи Усеини, советникот во охридскиот Градски совет и неговиот брат остануваат во притвор, откако Апелацискиот суд во Битола ја прифати жалбата на Обвинителство кое се жалеше на одлуката на охридскиот суд да ја прифати гаранцијата од 30 илјади евра на осомничените за да излезат од притвор, пренесува 360 степени.
Од битолска Апелација соопштија дека е укнато првостепеното решение и е вратено на повторно одлучување во основниот суд, бидејќи сметаат дека Охридскиот суд не дал јасни причини да ја оправда одлуката со која е прифатена гаранцијата за нивно ослободување од притвор.
Осумдневниот притвор на браќата Усеини им истекува утре и обвинителството може да побара негово продолжување, но само ако до тогаш поднесе обвинение. Во спротивно, тие ќе излезат од притвор.
Охрискиот советник од ДУИ и неговиот брат се осомничени за напад врз нивниот сограѓанин Спирко Топалоски по две кривични дела „насилство“ и „недозволено држење на оружје“. Случајот во меѓувреме доби и друг тек, откако Топалоски го смени исказот и сега тврди дека написите во јавноста се извадени од контекст. Топалоски во новата изјава дека во расправијата не видел оружје, дека се работи за недоразбирање кое е надминато и дека Усеини бил и ќе биде негов пријател.
Извор: 360 степени