Во последните 24 часа се направени 1.756 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19.
Нема починати пациенти.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 224 оздравени пациент.
Досега во земјата се направени вкупно 153.462 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.762, бројката на оздравени пациенти е 11.965, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.191.