Американската амбасадорка во Албанија, Јуриј Ким го поздрави договорот потпишан меѓу Косово и Србија во Белата куќа.
Оценува дека договорот за економска нормализација е голем чекор напред за мирот и напредокот на западен Балкан.
-Голем чекор напред за мирот и просперитет на Западен Балкан. Со фокусирање на создавање работни места и економски раст, двете земји беа во можност да постигнат вистински напредок во економската соработка за широк спектар на прашања,напиша Ким.
Во меѓувреме договорот го поздрави и овластениот албански министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, кој по потекло е од Косово, оценувајќи го истиот како “значаен чекор кон целосна нормализација на односите и меѓусебното признавање“.
Договорот претходно го позравија албанскиот државен врв, повеќе министри од владата на премиерот Рама, политички лидери и партии.