Според последните информации до Инситутот за јавно здравје, во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани 311 нови случаи со Ковид-19, а две лица го загубија животот. Во последните 24 часа во земјата се направени 3.939 тестови за коронавирус.
Хрватска во моментот има 2.771 активни случаи, а од нив 285 се на болничко лекување.
На респираторна машина се 19 луѓе.
Од почетокот на пандемијата во Хрватска 11.739 се заразени со Ковид-19, од кои 197 починаа, а има 8.771 оздравени пациенти.