Училиштата се подготвуваат за старт на учебната година и со физичко присуство и за онлајн настава, рече министерката за образование и наука Мила Царовска вечерва во интервју на Сител.
Мислам дека е важно сите училишта, сите градоначалници да се на ниво на задачата и да обезбедат онлајн учење, што значи дека националната платформа ние ја подготвуваме, а тие треба да обезбедат ИТ уреди и интернет пристап за да можеме во секој момент кога ќе се случи нешто, или ќе имаме можеби промена на епидемиолошката состојба сите деца да ги префрлиме на онлајн учење. Инаку од прво до трето одделение сега се подготвуваат за со физичко присуство во согласност со сите Протоколи и во согласност со Комисијата за заразни болести. За тоа ќе направиме и јавна презентација како би изгледал еден ден за учење со физичко присуство според протоколите, рече Царовска.
Царовска истакна дека сите треба да знаеме дека одлуката за учење со физичко присуство, или онлајн учење не ја носат родителите, туку владината комисија којашто ќе одлучува согласно протоколите.