ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Популациите на дивите видови намалени за две третини од 1970 година

September 10, 2020 14:29
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Светската популација на цицачи, птици, водоземци, влекачи и риби е намалена во просек за две третини за помалку од половина век, покажува Светскиот извештај за зачувување на природата 2020, што беше објавен денеска од Светскиот фонд за природа (WWF).

Како што посочија од WWF тоа во голема мера е резултат на уништување на животната средина што придонесува кон појава на зоонотски болести како што е пандемијата од Ковид-19.

Имено, според извештајот, најзагрозен е биодиверзитетот на слатководни екосистеми.

Слатководниот биодиверзитет исчезнува побрзо отколку во кој било друг екосистем. Од 1900 година, повеќе од 70 отсто од светските мочуришта исчезнале, а од 1970 година, популациите на слатководни видови се намалиле за 84 проценти, повеќе од оние што живеат во шуми или океани. Реките во светот се пренатрупани со постоечка и планирана инфраструктура, потрошувачката на вода од година во година расте, риболовните подрачја на слатководни вода се прекумерно искористени, а животот на милиони луѓе станува сè понесигурен.

– Извештајот „Состојба на планетата 2020“ посочува дека забрзаното уништување на природата, како резултат на човечките активности, има катастрофални влијанија не само врз популациите на дивиот свет, туку и врз здравјето на луѓето и сите други аспекти од нашите животи, истакна Марко Ламбертини, извршен директор на WWF International.

Тој нагласи дека не можеме да ги игнорираме доказите пред нас затоа што сериозниот пад на популациите на дивиот свет е знак за предупредување што укажува на дефект на системот.

– Нашата земја изобилува со неверојатна природа, прекрасни реки и богат биодиверзитет. Но, ние за жал не знаеме и не успеваме да ги зачуваме овие вредни богатства. Постојано сме сведоци на катастрофално испуштање на штетни материи во водните текови, без изрекување соодветни казни за сторителите. Исто така, и понатаму продолжува изградбата на малите хидроелектрани на нашите реки, кои не само што ја уништуваат природата, туку и го оставаат локалното население без вода за пиење. Прогласувањето на Шар Планина за национален парк е во заложништво на бизнисот за произвоство на електрична енергија субвенциониран од државата. Ваквата пракса на премолчено поттикнување на неодржлив развој мора да престане ако сакаме да го зачуваме нашиот највреден ресурс- водата“, истакна Ана Чоловиќ Лешоска, координатор за политики во WWF Adria и извршна директорка во Еко-свест.

Таа посочи дека со заштита на биодиверзитетот на слатководната вода, ние придонесуваме на различни начини за подобрување на здравјето на луѓето, од намалување на можноста за нови болести до зголемување на достапноста на водата и храната.

– Сегашната состојба укажува на тоа дека ние мора да дејствуваме веднаш. Со цел да се запре губењето на биодиверзитетот на слатководните води, треба да се спроведе амбициозен план за интервенција. Тоа вклучува овозможување на природниот тек на реките, намалување на загадувањето, заштита на мочуриштата, запирање на прекумерниот риболов и неодржливото таложење на седиментите, контролирање на инвазивни видови и заштита и обновување на врските што ги имаат живеалиштата на слатководните води со околните екосистеми, нагласи Чоловиќ Лешоска.

Таа истакна дека производството и потрошувачката на храна се клучни двигатели на загубата на биодиверзитетот.

– Сличен план е неопходен за целиот биодиверзитет во светот. Стабилизирање и запирање на загубата на природата ќе биде можно само ако работиме храбро и амбициозно за зачувување на природата и ако го смениме начинот на производство и консумирање храна. Потребните промени вклучуваат поефикасно и еколошки одржливо производство и трговија со храна, намалување на отпадот и избор на поздрав и еколошки начин на исхрана, наведе Чоловиќ Лешоска.

Таа истакна дека падот на глобалниот биодиверзитет придонесува за зголемување на глобалните нееднаквости, продлабочување на поделбите помеѓу глобалниот север и југ. Исто така, ја зголемува ранливоста на малите заедници кои ќе бидат најмногу погодени од губење на природата. Затоа, како што потенцираше, сите планови за запирање на загубата на природата треба да вклучуваат решавање на основните социјални и економски проблеми кои само се продлабочуваат со губење на биодиверзитетот.

– Ние мора да се фокусираме на фер и одржлива економија и производство на храна, фер плати, намалување на отпадот, еднаков пристап до природните ресурси и интегриран пристап кон обновување и зачувување на природата. Заедничката имплементација на овие мерки ќе ни овозможи побрзо да ги ублажиме притисоците врз живеалиштата на дивиот свет. И обратно, ако продолжиме како досега, стапката на загуба на биодиверзитетот ќе продолжи да расте, нагласи Чоловиќ Лешоска.

Извештајот за состојбата со планетата е сеопфатна студија за состојбата на нашата природа преку индексот на живата планета (Living Planet Index- LPI), кој ја следи состојбата на популациите на диви видови. LPI, обезбеден од Лондонското зоолошко друштво, покажува дека истите фактори, за кои се верува дека ја зголемуваат можноста за појава на пандемија, стојат зад намалувањето на 68% од популацијата на ‘рбетници помеѓу 1970 и 2016 година. Иако овие двигатели вклучуваат пренамена на земјиште и трговија со диви животни, главната причина за драматичното опаѓање на популациите е загубата и деградацијата на живеалиштата, вклучително и уништувањето на шумите, што се должи на моделот на производство на храна.

Извештајот за состојбата на планетата во 2020 година беше објавен само неколку дена пред 75-та седница на Генералното собрание на Обединетите нации (UNGA), кога се очекува светските лидери да го разгледаат постигнатиот напредок во остварувањето на целите за одржлив развој, Парискиот договор и Конвенцијата за биолошка разновидност. UNGA 2020 ќе ги обедини светските лидери, корпорациите и граѓанското општество да развијат рамка за акција по 2020 година, означувајќи пресвртница во поставувањето на темелите за итно потребниот нов договор за природата и луѓето.

WWF е една од најголемите, глобално признати, независни организации вклучени во заштитата на природата и има активна глобална мрежа во повеќе од 100 земји. Мисијата на WWF е да се запре уништувањето на животната средина и да се создаде иднина во која луѓето живеат во склад со природата со зачувување на биодиверзитетот во светот, одржливо користење на природните ресурси и намалување на загадувањето и прекумерната потрошувачка.

Next Post

Преглед на вести во 15 часот: Димовски не се сеќава дали на 27 април контактирал со Јанакиески и Ристоски, приведен е напаѓачот на новинарската екипа, постигнат договор за собраниските комисии

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk