ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Судењето за „27 април“ продолжува на 18 септември, ќе сведочи и Талат Џафери

September 10, 2020 16:28
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судењето за организаторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието, продолжува на 18 септември откако на денешното рочиште беа сослушани седум поранешни пратеници.

На предлог на одбраната, на следното рочиште треба да бидат сослушани осум пратеници од поранешниот состав, меѓу кои и Талат Џафери.

Претходно денеска сведочеше Слаѓана Митовска, која во 2017 година била пратеник. Во својот исказ, таа рече дека Трајко Вељаноски како претседавач ги повикал да се откажат од збор, но дека таа како пратеник не сакала да се откаже од своето право и останала пријавена за збор.

Лилјана Кузмановска, која исто така, била пратеник во 2017 година, рече дека на 27 април седницата завршила во 18 часот и била закажана за наредниот ден во 11 часот.

– Во 18 часот, кога настана избор на претседател во Собранието, ние пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се повлековме и само скандиравме, изјави Кузмановска.

Прашана, дали во пратеничката група имале сознанија за некаков план воопшто за насилства, Кузмановска рече дека во тој момент тие како пратеници не знаеле дека ќе се случи тоа што се случи.

Претходно беше сослушан и Зоран Илиоски, кој во 2017 година бил пратеник во Собранието, зборуваше за текот на Конститутивната седница и собранискиот Деловник.

Прашан дали како член на Извршниот одбор на партијата учествувал во изработка на некаков план или носење одлука за насилство, Илиоски рече дека во партијата немало ништо такво. – Не сум учествувал, ниту имаше нешто такво, изјави Илиовски.

На прашање од обвинителката, дали бил прекршен Деловникот со сите тие реплики и контра реплики, Илиовски, рече дека никој не може да му го одземе тоа со Устав гарантирано право.

– Не е прекршен Деловникот. Одговорно тврдам, бидејќи мене како пратеник, ми е должност да ги искажам ставовите на граѓаните кои ме избрале, изјави Илиовски.

На денешното рочиште, на предлог на одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, беа сослушани и пратениците Илија Димовски, Благој Деспотовски, Весна Дамчевска Илиевска и Весна Пемова.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски Миле Јанакиевски и ексминистерот за образованиеСпиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Димитров-Брнз: САД е традицонален пријател и клучен партнер во реализација на нашата евроатлантска цел

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk