ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев: Бизнисмените да инвестираат во индустриските зони, државата ќе продолжи со поддршката

September 14, 2020 12:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бизнисмените од државата да инвестираат во зоната „Новине“ кумановско, порача денеска премиерот Зоран Заев, кој беше на увид во градежните работи кои се одвиваат во зоната придружуван од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, пратеникот Мартин Костовски и дел од бизнис заедницата од Куманово.

Зоната се наоѓа на атрактивна локација во непосредна близина на автопатот „Пријателство“ Е-75 кон Табановце, (во близина на село Речица) на само пет километри од српската граница.

Во индустриската зона чија површина е 64 хектари, со достапни 51 локација. Владата инвестираше 24 милиони денари во подземна инфраструктура, а денеска почна изградбата на главниот пат со средства во износ од три милиони денари, заштедени по пат на јавни набавки. Примарната инфраструктура им овозможува на бизнисмените да купат парцела во уредена зона, а општината може да очекува развој преку инвестициите на бизнисмените.

– Првата порака што сакам да ја испратам до кумановци, до целиот регион, деловните луѓе да не ја пропуштат оваа можност и да купат своја парцела овде, којашто секако е со поволни цени и по пат на јавна аукција и да почнат да ги градат своите идни производствени капацитети. Отворена е за сите други бизнисмени од Скопје, од целиот регион, од цела Република Северна Македонија, веројатно и странски инвестиции очекувам да се јават овде, затоа што коридорот 10, корисодот 8 буквално се вкрстуваат тука. Верувам дека ова не е само геостратегисти важно на ниво на држава, ова е за целиот регион и верувам за Југоисточна Европа и претставува зона од непроценлива вредност за идниот развој-изјави премиерот.

Тој најави дополнителна поддршка за општина Куманово и плановите кои се однесуваат за развој на зоната, но и за други проекти кои ќе произлезат од претставниците на општината во Владата, Собранието, локалната власт, преку средби со стопанските комори.

– Доаѓа добро време, иако кризата е пред нас сè уште, иако следува есента и зимата, навремените мерки околу реализација на идните бизнис активности се навистина секој пат можеби и одлучувачки за профитабилноста и за доброто економско поставување на секој субјект. Јас сакам да испратам порака до сите, навистина да ја искористат оваа можност да на оваа неповторлива индустриска зона овде во државата, да можат да развијат свои деловни активности-повика премиерот.

Државата, рече премиерот, ќе продолжи со поддршката, други мерки, оние кои инвестираат во технолошко индустриските зони да добијат поддршка и до 50 проценти, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, фондот за иновации и технолошки развој. Премиерот најави дека ќе се развијат и други алатки кои ќе им помогнат на бизнисмените, истакнувајќи дека државата и владините институции се тука да помогнат и да охрабрат инвестициски активности.

– Јас верувам дека е можност за секој да влезе, државата да го помогне, да повлече кредити, сопствени средства и да развие свој бизнис и деловна активност, токму тука во оваа зона-рече премиерот.

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, информираше дека новата зона има подземна инфраструктура, пристапен пат, прва, линија за напојување на парцелите.

– Во постапка и јавно наддавање, заштедени се повеќе од три милиони денари кои денеска се инвестираат во зоната-рече Димитриевски и најави дека општината со поддршка на Владата ќе продолжи да инвестира.

Во овој период се подготвува план за да се дадат парцелите на јавно наддавање. Средствата што ќе се обезбедат од продажбата ќе се реинвестираат во зоната. Димитриевски се заблагодари на инвеститорите кои веќе купиле парцели и ги повика останатите да инвестираат во зоната.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

May 15, 2025

Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

May 15, 2025

Кошта од Тирана: Албанија би можела да биде во европското семејство дури и пред 2030 година

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk