ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Сведок во „Таргет-Тврдина“: Горан Грујевски инсистирал да се формира Комисија за поништење на опрема од УБК

September 14, 2020 13:03
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

После секоја интервенција во системи за следење на комуникациите во УБК, инженерите за поддршка од Ериксон Телеком, сочинувале записи, но содржината не ја пополнувала заради тајност. Ова денеска го истакна сведокот Зоран Стоилковски, на рочиштето за ,,Тврдина-Таргет”, каде појасни дека како инженер за поддршка во ЛИИМС системите, немал директен пристап до наведите системи, како што имале до системите на Телеком.

– Кога одевме во УБК, уредно се пријавуваме. Таму не чекаа вработени во МВР. Во зградата имаше соодветен терминал на Петта Управа, кој го користевме за пристап до системите. Терминалот не беше во собата на системите. После секоја наша интервенција во уредите, МВР ги менуваше пасвордите, изјави сведокот Стоилковски.

Свој исказ на оваа рочиште имаше и Весна Доревска, од одделот на правни работи при МВР, кој сведочеше за контактот со Горан Грујевски во март 2015 година.

– Пред 16 март Горан Груевски ми се јави со барање, укажување дека сме требале да формираме комисија за попис, ништење на опрема на УБК. Ние проверивме и утврдивме дека таков акт не е стигнат. Контактирав и со колешка од одделот на правни работи при УБК, односно и таа не беше запознаета со ваквата постапка, рече сведокот Доревска.

Потоа сведокот објасни дека во период 16-23 март користела одмор, односно во овој период Горан Грујевски, до ова одделение доставил барање за формирање на комисијата. Но, сведокот наведе дека тоа барање не била во нивна надлежност.

– Во барањето што беше доставено не беше јасно каква опрема ќе се поништи и од кој сектор. На 23 март 2015 повтроно ми се јави Грујевски. Ми кажа дека ако не се заврши таа работа, тој ќе биде виновен, наведе Доревска.

Таа прочита дел од предметот кој што бил изготвен од нејзиниот колега, каде потенцира дека ,,Решението за комисијата е изготвено согласно насоките на министерот за внатрешни работи. Вработениот во одделот за правни работи во МВР, ова го кажал врз основа на укажувањата на Горан Грујевски, дека министерката го чека решението.

Next Post

Еко акција за чистење на Паркот на природата „Езерани“ во Преспа

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk