ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Трпкова: Туристичката понуда да се оди по патеката на Атиџе во „Ханиленд”, не ја сметам за штетен капиталистички изум

September 16, 2020 12:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Не ги знам деталите од туристичката понуда да се оди по патеката на Атиџе во „Ханиленд”, но никако не ја сметам за штетен капиталистички изум, доколку е во согласност со природата и доколку Атиџе, но и сите ние имаме “ќар” од неа, пишува Синоличка Трпкова.

„Ќар е средба со луѓе во природа, и нивна едукација за тоа како изгледа животот таму и зошто е важно да се чува природата. Не се сомневам дека и таа ќе добие за возврат некаква компензација.

Да се соживееш со таа хероина е и целта на филмот. Секако дека има профит од тоа, но е доста креативна идеја (ако навистина се спроведува без да се прави штета). Воедно сметам дека ова е прв пример за филмски туризам во нашата земја, тема која е многу интересна и која ги поттикнува љубителите на филмови да влезат во чевлите на омилените ликови. Во Англија од филмскиот туризам живеат огромен број луѓе. Ако е обмислен, поучен и забавен, станува непроценливо искуство за луѓето. Креативноста и преземањето иницијатива сами по себе се начин за инволвирање на луѓе и идеи кои ќе помогнат во подобрување на економијата на умен начин. Најлесно е да не се прави ништо и да се критикува секој што прави.“, пишува на ФБ Синоличка Трпкова.

Магистерската работа на Синоличка Трпкова „Филмскиот туризам нов туристички феномен“, е токму за темата на која што таа пишува во постот. Трудот може да го погледнете, ТУКА.

Во понудата на Групер, стои дека Enjoy Balkans ве води на Патот на Атиџе Муратова! 17% попуст на пакет аранжман кој вклучува пешачка тура по патот на Атиџе Муратова, последната жена во Европа која одгледува диви пчели во карпест предел.

„Во дворот на нашата домаќинка ќе бидете послужени со турско кафе, подготвено на традиционален начин и тука започнува дружбата со Атиџе, при што ќе имате можност одблизу да се запознаете со неа и нејзиниот начин на живот, преку песна и убава мисла да ја осетите нејзината добронамерна животна цел. Откако ќе го испиете кафето, ќе имате можност да дознаете нешто повеќе за вашата иднина, преку гледањето и гатањето на филџанот од страна на нашата домаќинка. Веднаш потоа, ќе имаме мало изненадување од нашата хероина“, стои во понудата.

Мислењата во јавноста околу оваа понуда на Групер во која е инволвирана и Атиџе Муратова, хероината од филмот „Медена земја“, се поделени.

Ј. Ѓ.

 

 

Next Post

Пладневен преглед на вести: Лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ меѓународно оценета со максимален успех, „Врба“ номиниран за најдобар меѓународен филм...

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk