ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Завршува вториот дел на КРИК фестивал за критичка култура

September 18, 2020 12:43
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на програмата на вториот дел на КРИК 05, вчера вечер Станимир Панајотов (Бугарија) и Артан Садику (Северна Македонија) низ перфомативен теориско – поетски разговор, кој вклучуваше и музика и учество на публиката, говореа за поимот на сексуалноста во услови на посткапитализам, за личните искуства поврзани со смртта и теориските и политичките концепти во светло на актуелниот историски момент.  Како дел од овој настан насловен „Сексуалноста и смртта“, Панајотов и Садику ги читаа своите песни посветени на „оваа изопаченост наречена љубов“, на сексуалната „жед за анихилација“ и други „грандиозни неправилности“. Песните се дел од заедничката книга, која се состои од нивна поезија, заедничко читање и меѓусебно креативно уредување.

Програмата на вториот дел на петтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура завршува вечерва (петок, 18 септември), во МСУ, во 19,30 часот со премиерна проекција на краткиот фотографски филм на Иван Блажев, „Сето време е сето време“. инспириран од литературното дело на Курт Вонегат, „Кланица 5“, за контроверзното бомбардирање на Дрезден на крајот на Втората светска војна.

Веднаш потоа следува предавањето на Небојша Вилиќ насловено „Пролегомена за една комунитативна ангажираност“, проследено со излагања на Натали Р. Павлеска и Јованка Попопова и разговор помеѓу тројцата учесници.

„Ако нормалноста на тековнава стварност ја определиме како „комунитативна“ тогаш и ангажираноста би можела да се определи како „комунитативна“, односно, да се воспостави ангажман на уметникот кој во себе ќе ја содржи и состојката на „комунативното“ и онаа на „комуникативното“. Поточно, културата и уметноста преку ваквата ангажираност би можела да стане поттикнувачка, дејствувачка и остварувачка алатка за постварување на намерата, потребата и нужноста за промена на тековнава општествено-економска формација во некоја друга, поинаква, а зошто да не и – нова. Во оваа прилика ќе се обидам да го определам поимот на „комунитативната ангажираност“, имајќи го на ум, пред сѐ, ставот на Жак Рансиер според кој: „Не постои ангажирана уметност,постојат само ангажирани уметници!“, вели професорот Вилиќ најавувајќи ја вечерашната дискусија.

За учесниците:

Иван Блажев живее и работи во Скопје. Дипломирал филмска режија на Бруклинскиот Колеџ (Њујорк, САД), а подоцна се стекнал и со диплома на Магистер на ликовни уметности по фотографија на Академијата за уметности во Нови Сад (Србија). Своите дела ги има изложувано на самостојни и групни изложби во Македонија и надвор од земјата. Досега има поставено 10 премиерни самостојни изложби на фотографии и учествувал на повеќе од 20 групни изложби. Во 2008 год. неговиот проект „Македонија сонувајќи” бил дел од програмата „Преку ѕидовите – Источна Европа после 1989“ на Нордерлихт фестивалот за фотографија во Леуварден, Холандија. Во 2011 год. дел е од изложбата „Фрагменти: Македонска уметничка сцена 1991 – 2011“ поставена во Музејот на современа уметност во Скопје. Блажев има издадено 6 книги со фотографии, а негови фотографии се дел и од неколку групни публикации, меѓу кои Исток (Мозер Верлаг), 12 Македонски фотограф(к)и (Темплум) и Скоро вистинито (Воид). Фотографии на Блажев се дел од постојаните колекции на Музејот на современа уметност – Скопје, Националната галерија – Биљарда (Цетиње, Црна Гора), Галеријата на клубот Алхемија (Краков, Полска) и приватни колекции.

Небојша Вилиќ, роден во 1962, во Велес, е историчар на уметноста и редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Северна Македонија.

Јованка Попова работи како кураторка во Музејот на современата уметност – Скопје и е програмски координатор на Проектниот простор „Прес ту егзит“ во Скопје. Во моментов е докторант на Факултетот за медиуми и комуникации „Сингидунум“ во Белград. Работела на повеќе домашни и интернационални кураторски проекти.  Соработувала на повеќе научни и истражувачки проекти од областа на историјата на уметноста. Во 2019 била кураторка на павилјонот на Република Северна Македонија на 58. Венециско биенале.  Како дел од програмата на неколку меѓународни конференции и симпозиуми одржала презентации и предавања на Humboldt University Берлин, Goethe University, Франкфурт, Central European University, Будимпешта, Hankuk University of Foreign Studies, Seoul, Kunsthistorisches Institut, Фиренца, Norwegian University of Science and Technology, Трондхејм,  Bahcesehir University, Истанбул итн. Била извршна директорка на Јадро Асоцијација на независната културна сцена. Претседателка е на AICA Македонија – здружение на ликовни критичари, историчари на уметноста и кустоси кои дејствуваат на полето на модерната и современа уметност.

Натали Рајчиновска Павлеска е независна истражувачка во областа на современите уметнички практики, ликовната критика и теорија. Дипломирала на Архитектонски факултет, во Скопје (2006). Магистрирала на Филозофски факултет во Скопје, при Институтот за Историја на уметност и археологија, модул Современа уметност, со одбрана на дисертација: Концептуалната уметност во делото на Марсел Дишан, Јозеф Бојс и Art & Language од почетокот до крајот на 20-тиот век. Од 2018 -та е докторанд на Трансдисциплинарни студии на современа уметност и медиуми во рамки на Интердисциплинарните студии, при Факултетот за медиуми и комуникации, Универзитет Сингидунум во Белград, Србија. Нејзиното истражување вклучува трансдисциплинарен аналитички пристап, често во релација со актуелните теориски струења и книжевни референтни системи, преку вкрстување на современите уметнички практики и различните општествени и институционални контексти. Автор е на повеќе ликовни рецензии, воведни предговори во уметнички книги и каталози на групни и самостојни изложби, како и дел од кураторскиот тим кој го подготви и реализираше концептот за претставувањето на Република Македонија на 15-тото Венецијанско биенале за Архитектура во 2016 година, со проектот Ничија Земја.

Целата програма на фестивалот е замислена да одговори на протоколите пропишани за одржување на јавни настани заради состојбата со пандемијата.

 

Next Post

Одржан иницијален состанок за придвижување на состојбите за отварање на граничниот премин Клепало кај Берово

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мила Кунис (Wikipedia)

    Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk