ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сo 62 гласа „за“, Собранието ги избра замениците министри во Владата

September 23, 2020 23:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието вечерва, во рамки на 13-та седница, со 62  гласа „за“, 44 против и без ниту еден воздржан ги избра замениците министри во Владата.

За заменик министер за одбрана е избран Башким Хасани, Назим Буши во Министерството за внатрешни работи, а во ресорот правда Агим Нухиу. Илхан Рахман е нов заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а Фатмире Исаки за заменик-министер за надворешни работи.

Во Министерството за финансии заменик министер ќе биде Димитар Ковачевски, а во Министерството за економија Зоран Маневски. Во ресорот земјоделство, шумарство и водостопанство заменик министер ќе биде Трајан Димковски, кој претходно ја извршуваше министерската функција во истото Министерство.

Илир Хасани е избран за заменик министер во Министерството за здравство. Арафат Шабани е нов заменик министер во Министерството за образование и наука, Енвер Хусејин во Министерството за труд и социјална политика, Зоран Димитровски во Министерството за локална самоуправа и Седат Сулејмани во Министерството за култура.

Заменик министер за информатичко општество и администрација ќе биде Александар Бајдевски, во Министерството за транспорт и врски Беким Реџепи, а во Министерството за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска.

Премиерот Зоран Заев рече дека предложените заменици министри се стручни луѓе, кои заслужуваат шанса и ја повика опозицијата да ги поддржи. Рече дека ќе поттикне и кај министрите и кај замениците да соработуваат со Парламентот.

Пратениците од СДСМ рекоа дека пратениците од опозицијата водат натпревар во тоа кој ќе изнесе повеќе невистини, навреди и клевети за премиерот, претставниците на монозинството и за кандидатите за заменици министри. Ненад Коциќ рече дека очекуваат замениците заедно со министрите и со премиерот да се борат за реализација на програмата на Владата и за правецот што го избра мнозинството граѓани – НАТО, економски развој и ЕУ интеграции.

Покрај дебатата за заменици министри, вечерва пратениците од опозицијата обвинија за лоша состојба се здравството и кожарската индустријата во Штип каде, како што рекоа, претстојат отпуштања на работници. Зборуваа за справувањето со коронавирусот, тутунот, лозарството, за пласманот и за ниските цени на производите, за образованието, економијата…

Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ смета дека туризмот е пред колапс. Апелираше до предложените заменици-министри, особено за економија и за финансии, уште утре да остварат средба со туристичките работници и да ги разгледаат нивните барања, кои до споменатите министерства, како што рече, се доставени уште во јуни годинава.

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица рече дека меѓу предложените заменици министри има личности со богати биографии и се согласи дека треба да им се даде шанса, но има и „стари ликови кои имаат багаж од минатото“.

Пратеничката Мерита Колчи Коџаџику рече дека ДУИ ќе ги поддржи сите предложени заменици министри, но и ќе ги критикуваат, ако има потреба за тоа. Од нив очекуваат активно учество, максимално вклучување во започнатите процеси и во политиките за добрите меѓуетнички и соседски политики. Таа рече дека ги анализирала биографиите на кандидатите за заменици министри и убедена е дека тие ќе помогнат во министерствата каде се предложени.

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека следната, 14 седница ќе се одржи в петок, кога е најавено обраќање на претседателот на Република Словенија Борут Пaхор.

Next Post

Мицкоски бара опозицијата да предложи независен Јавен обвинител

Shortcut

Најново

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk