На денешниот протест под мотото „Против неправдите, реваншизмот и политичкиот прогон“ , претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испорача четири конретни барања до Владата.
Првото барање е независен јавен обвинител предложен од опозицијата, потоа крај на притисоците и политичките етикетирања во администрацијата, војската и МВР, трето е формирање на Комисија за заштита од дискриминација и четврто, ревизија на сите предмети за кои сметаат дека требало да бидат отворени а не биле, меѓу кои и оние за масовното прислушување на граѓаните, новинарите, судиите и обвинителите.